Заев и Ахмети ги почнаа разговорите за новата Влада
Објавено во: Македонија 19 Мај, 2017
Вo 12.30 часот започнале разговорите на меѓу СДСМ и ДУИ пренесе Алсат-М.
Тема на состанокот се деталите и распределбата на министерските места во новата влада.
Мандатарот Заев прво на маса седнува со лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Откако СДСМ и ДУИ ќе ги усогласат ставовите понуда ќе има и за останатите партнери од парламентарното мнозинство.
Засега нема ниту една официјална информација кое министерско место на кого ќе му припадне.