Заев и Рама ги посетија Македонците во Пустец
Објавено во: Македонија 16 Декември, 2017
Премиерот Зоран Заев, заедно со албанскиот колега Еди Рама денеска беше во посета на општината Пустец.
Двајцата премиери прво разговараа со раководителите, наставници и ученици во едно од училиштата во општината, С.У. „Трајан Горѓиовски и Митре Колевски“.
Заев донираше книги и работни материјали за учениците.
Тие имаа заеднички состанок со преставници на општината Пустец, заменик градоначалникот и советниците, кои ги објаснија приоритетите за коишто очекуваат поддршка, меѓу кои е и реновирање на училиштето.
„Присуството на двајцата први луѓе на извршната власт во Македонија и во Албанија, тука во Пустец е голема симболика за унапредувањето на односите меѓу двете земји“- изјави Заев на состанокот.
Заев најави одржување меѓувладина седница наредната година во Охрид или Струга.