29 Март, 2024
0.0283

Заев: Името на Македонија ќе оди на референдум

Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Сè што ќе предложиме ќе биде предмет на референдум. И ние и Демократската унија за интеграција и ВМРО-ДПМНЕ и другите партии имаат исти или приближни позиции, рече македонскиот премиер Зоран Заев. 

Премиерот вчера беше во Струга по повод црковниот празник Водици.

 Тој оттаму изрази уверување дека ќе се најде решение за проблемот што Грција го има со уставното име на Република Македонија. 

„Јас сум оптимист, мислам дека меѓу две земји кои се пријатели и имаат намера да бидат уште поблиски, ќе се најде решение кое ќе ги задржи достигнувањата на двете земји и ќе им користи на своите граѓани“, рече Заев во одговор на новинарско прашање. 

Премиерот истакна дека за суштината на преговорите, предлозите, обезбедената рамка не треба да се зборува јавно, со цел да не се нарушат можностите за успех во преговорите. 

„Гледате дека процесот е транспарентен, сакаме национален консензус за донесување на одлука и на крајот тоа ќе биде потврдено од граѓаните на референдум. Убеден сум дека ако сме внимателни, што важи и за грчката страна, ќе најдеме решение на ова прашање кое ни мачи 25 години“, рече Заев. 

Што се однесува до одлуката на претседателот на Македонија Ѓорге Иванов да стави вето на законот за јазиците, Заев рече дека сè вклучено во Законот за јазиците е во согласност со Уставот на Република Македонија. Заев потврди дека состанокот со неговиот грчки колега, Алексис Ципрас, веќе е договорен на 24 јануари во Давос.

Можеби ќе ве интересира

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор