24 Април, 2024
0.0344

Заев ќе добие потписи, Села бара да се „чепне“ и во Уставот

Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Заврши средбата на ДУИ и Алијансата на Албанците на кои не им се придружи Движењето БЕСА.

По средбата Али Ахмети ги избегна новинарите, а Зијадин Села посочи дека Заев ќе добие потписи, но не мора да значи дека тие ќе бидат поддршка за Влада.

Албанските парламентарни политички партии во рок од три дена ќе формираат тело кое ќе направи правилник за функционирањето на албанските политички партии и ќе состави предлог Закон за употреба на јазиците кој ќе ги задоволува потребите на Албациите.

Села открива дека дебатирале за декларацијата на Албанците и како понатаму ќе се одвиваат средбите.

„Во иднина овие средби треба да се држат во Собрание. Дебатиравме околу законот за Албански јазик. Закон кој ќе биде предложен од ова тело, работиме на предлог кој ќе ги задоволува потребите на Албанците“, вели тој.

Села пред новинарите истакна дека македонските партии создавале нестабилност и дека треба да се отвори Уставот.

Македонските партии прават нестабилност, за тоа обратете се кај нив, Албанците никогаш не сакале да земат нешто од Македонија. Ова е неприфатливо од нивна страна, иако многу земји повеќе пати го менувале Уставот“, рече Зијадин Села.

Од БЕСА пак преку соопштение до медиумите посочија дека нема да седнат на иста маса со Ахмети и дека нема да учествуваат на состаноци кои не се во духот на заедничката Декларација на албанските парти во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

„И КОГА ГУБЕА, ЈАС БЕВ ТАМУ, СЕГА СУМ ДОМА“ - реакција на Нора Шаќири по изборите

„И КОГА ГУБЕА, ЈАС БЕВ ТАМУ, СЕГА СУМ ДОМА“ - реакција на Нора Шаќири по изборите

„ЗА СЕКТА, СЕКТАШКИ РЕЗУЛТАТ“: Се огласи и Боки 13

„ЗА СЕКТА, СЕКТАШКИ РЕЗУЛТАТ“: Се огласи и Боки 13

Бујар Османи прогласи победа во Тетово и Гостивар

Бујар Османи прогласи победа во Тетово и Гостивар

НИЗ СКОПСКИТЕ УЛИЦИ СЕ ВЕАТ ЗНАМИЊА НА ВМРО-ДПМНЕ: Со автомобили и свирежи симпатизерите ја слават победата на Давкова

НИЗ СКОПСКИТЕ УЛИЦИ СЕ ВЕАТ ЗНАМИЊА НА ВМРО-ДПМНЕ: Со автомобили и свирежи симпатизерите ја слават победата на Давкова

„ОВА ОДНАПРЕД ЗАВРШУВАЊЕ НА ТРКАТА ГО СМЕТАМ ЗА ПРЕУРАНЕТО“ - Ванковска вели дека тоа ја убива волјата на граѓаните

„ОВА ОДНАПРЕД ЗАВРШУВАЊЕ НА ТРКАТА ГО СМЕТАМ ЗА ПРЕУРАНЕТО“ - Ванковска вели дека тоа ја убива волјата на граѓаните

Драган Ковачки му се заблагодари на Истокот

Драган Ковачки му се заблагодари на Истокот

Полициски кордон пред штабот на „Вреди“ кај Скендербег, се собираат поддржувачи на ДУИ - 360 степени објави видео

Полициски кордон пред штабот на „Вреди“ кај Скендербег, се собираат поддржувачи на ДУИ - 360 степени објави видео

ВМРО-ДПМНЕ ВЕЌЕ НАГОЛЕМО СЛАВИ: Поддржувачите во Гази Баба скандираа и палеа бакљи

ВМРО-ДПМНЕ ВЕЌЕ НАГОЛЕМО СЛАВИ: Поддржувачите во Гази Баба скандираа и палеа бакљи

ДАВКОВА ЌЕ ИМА ОБРАЌАЊЕ ВО 22 ЧАСОТ - според ВМРО-ДПМНЕ таа води со 130 илјади гласа пред Пендаровски

ДАВКОВА ЌЕ ИМА ОБРАЌАЊЕ ВО 22 ЧАСОТ - според ВМРО-ДПМНЕ таа води со 130 илјади гласа пред Пендаровски