Заев ќе ја „пресече првата лента“ како премиер на нова фабрика „Адиент“ во Струмица
Објавено во: Економија 15 Јуни, 2017
Новата фабрика „Адиент“ (поранешен Џонсон Контролс) денес во ТИРЗ Стумица ќе ги отвори вратите.
На свеченоста според најавите од кабинетот на Владата ќе присуствува и премиерот Заев.
Оваа инвестиција е вредна 20 милиони евра а вработените кои ќе работат во неа ќе прават навлаки за автомобилски седишта.
На старт се најавени 1500 вработувања . Според најавите пред две години „Адиент“ ќе биде глобален лидер во производствто на седишта за автомобили. Со 75.000 работници во 230 фабрики во 32 земји во светот, најавија дека ќе произведуваат и дистрибуираат седишта за автомобили за сите видови возила.
Засега е неизвесно дали новиот премиер ќе го следи примерот на поранешниот и ќе ја пресече лентата за почнување со работа на новата фабрика.