Заев на Самит100: Ако регионот напредува сите ќе напредуваме
Објавено во: Економија 17 Октомври, 2017
Македонскиот премиер Зоран Заев денеска на премиерскиот панел на Самит100 кој се одржува во Скопје пред неговите колеги од регионот посочи дека ако целиот Балкан напредува како целина, тогаш сите земји ќе имаат напредок.
Заев рече дека мора да се подобри економската соработка, да се продлабочат односите меѓу земјите од Западен Балкан преку нови инфраструктурни проекти и со заеднички напори да се постигне напредок кој ќе не приближи до стандардот во Западна Европа.
*Фактор е еден од главните медиумски партнери на Самит100.