Заев најави дека од утре ќе се разговара за поделба на ресорите
Објавено во: Македонија 22 Мај, 2017
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев пред средбата со лидерот на ДР – ДПА, Зијадин Села во Тетово, кажа дека е задоволен од тоа како течат преговорите за состав на Влада.
Заев додаде дека уште утре ќе почнат подетално да разговараат за поделба на ресорите.
Вели прави напори што поскоро да се достави предлог до Собранието за составот на Владата. Тоа е во интерес на граѓаните, но важно е и заради обврските кон Брисел и евроатлантската интеграција на Македонија.
Инаку, Села денеска за прв пат се појави во јавност по упадот во Собранието од 27 април кога беше претепан.