26 Април, 2024
0.1595

Заев од Свети Николе: Уживам во оваа кампања!

Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Опозициската партија вечерва во Свети Николе, им порача на определените за промени да подадат рака кон оние кои се изјаснуваат за неопределени и кои не се задоволни од актуелната власт и сите заедно да помогнеме за живот во Македонија.

„Не што не треба да се плашиме, туку треба да сме со кренато чело, да уживаме во оваа кампања. Јас уживам во оваа кампања. Сега кога се е јасно, кога цел свет знае за злоделата што се правени во Македонија, кога и од ВМРО-ДПМНЕ знаат каква мафија е нивната врхушка, што ќе правиме, со пола уста ќе зборуваме? Овие 33% кои не се изјаснуваат како ќе гласаат велат дека Македонија тоне, јасно е дека и тие се за промени, ајде да се изјасниме. Кој ќе ја спаси Македонија", повика лидерот Заев. 

Тој посебно испрати порака до администрацијата, примателите на субвенции...

„Не се плашете, Груевски не ви дава плата од мајка му Нада, тоа се пари од Буџетот, вие ги заработувате. Субвенциите ви се загарантирани со закон. Ако не се изјасниме, ако не се одважиме, со кога ќе остане да живеете во Македонија", рече претседателот Заев кој зборуваше за масовното иселување што и се случува на земјава.

„И тие се нечии родители, деца, имаат обврска како и ние да застанат рамо до рамо со нас и да гласаат за Македонија“, рече Заев.

На вечерашниот митинг во Свети Николе Заев оцени дека опозицијата победува на овие избори, но ги повика граѓаните на масовна излезност, за на 11 декември Македонија да добие стабилна, реформска Влада, којашто ќе го спроведе Планот за живот во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот