Заев официјално ги соопшти министрите
Објавено во: Македонија 28 Мај, 2017
Мандатарот Зоран Заев на прес конференција ги соопшти официјално министрите од СДСМ кои ќе бидат во новата влада.
„Централниот одбор согласно претходниот договор со нашите идни коалициони партнери од ДУИ и Алијансата за Албанците можам да и соопштам на јавноста дека е формирано парламентарно мнозинство кое што стои позади новата реформска влада на Р.М“, рече Заев.
Новата реформска влада ќе биде составена од 15 министерства со ресор и неколку без ресори.
Заев рече дека ЦО дал одобрение за кандидатите од редовите на СДСМ но истовремено бил информиран и за кандидатите од коалиционите редови и за независните кандидати кои потекнуваат од граѓанскиот сектор, експерти и од предлозите кои што беа доставени од стопанските комори.
Официјално, ова е листата на СДСМ со министрите кои ќе бидат во новата Влада.:
Радмила Шеќеринска - министер за одбраната
Оливер Спасовски - министер за внатрешни работи
Никола Димитров - министер за надворешни
Мила Царовска - министер труд и социјала
Драган Тевдовски - министер за финансии
Рената Десковска - министер за образование
Љупчо Николовски - министер за земјоделство
Горан Сугарев - министер за транспорт и врски
Роберт Алаѓозовски - министер за култура
Дамјан Манчевски - министер за информатичко општество и администрација
Министри без ресор:Кочо Анѓушев, Едмонд Адеми, Роберт Поповски, Аднан Ќахил, Самка Ибраимовски, Зоран Шапуриќ и Зорица Апостоловска .
Намерата на Заев е доколку вечерва се стигне со сите протоколарни и правно формални аспекти уште вечерва во архивите на собранието на РМ како мандатор кој што доби мандат за формирање на влада да достави програма за работа на идната влада и да достави предлог за владин кабинет .
Заев ги повика ДПА и ВМРО ДПМНЕ да дадат поддршка за реформите.