Заев: Овој договор ќе помогне многу миграцијата да се стопира
Објавено во: Македонија 26 Јули, 2017
Овој договор ќе помогне многу миграцијата да се стопира, изјави премиерот Зоран Заев на прашање што со бугарските пасоши кои граѓаните масовни ги земаат за подобра перспектива.
„Договорот има многу бенефити и предности за Македонија. Тој тежнее кон целокупната аспирација на Македонија да го спречи одливот од државата“ - вели Заев.
На прашање дали е обврзувачки овој договор, Заев рече дека ако една од страните не е задоволна може да го раскине договорот, но се надева дека тоа никогаш нема да се случи.
Заев рече дека ако се појави говор на омраза во некој од медиумите, најмалку што може да направи Владата е да се огради.
Договорот ќе се потпише на 1 август во Скопје во Владата.