24 Април, 2024
0.0298

Заев: Овој голем ден, Велигден, нека биде слава на животот што го избравме

Објавено во: Македонија 15 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во чест на Христовото Воскренесие – Велигден, упати честитки до поглаварот на МПЦ ОА, г.г. Стефан, Светиот Синод и православните верници, до Бискупотскопски и апостолски егзарх во Македонија, г-дин Киро Стојанов и католичките верници, како и до сите граѓани кои го празнуваат овој голем христијански празник.

Тој од свое лично име и од име на партијата го честита Велигден. Овој голем ден, Велигден, нека биде слава на животот што го избравме, вели тој. 

„Празникот на победата на животот нека оваа година донесе живот за сите граѓани на Република Македонија! Да се живее спокојно, значи да се живее во хармонија со себе, со семејството и со своите сограѓани. Нема поединечна среќа, и нема поединечно добро. Добиваме рака, кога подаваме рака. А ние веќе одлучивме да застанеме заедно во одбрана на вредностите што доликуваат на човекот и обезбедуваат сегашност и иднина за нас, за нашите деца и за сите во нашата земја. Вистината заедно ја одбранивме. Правдата заедно ја браниме. Минуваме низ искушенијата трпеливо и мудро, како што доликува на достоинствени граѓани кои се грижат за својата земја, кои меѓусебно се грижат едни за други и за генерациите што доаѓаат по нас. И затоа имаме право заедно да чекориме низ вратите што заедно ги отворивмекон нашиот духовен и општествен развој. Вербата дека е можен живот за сите во нашата заедничка држава, Република Македонија, ни го отвори патот до овде. Одлучноста да продолжиме заедно по тој пат, ќе ни помогне да одговориме на нашата света обврска, да обезбедиме живот за сите“ - вели Заев во честитката. 

На граѓаните Заев им посакува добро  здравје,  личен и семеен мир. 

Можеби ќе ве интересира

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право