Заев падна во „јазична“ дупка, ВМРО-ДПМНЕ го оцрни максимално
Објавено во: Македонија 18 Септември, 2016 15:25
Изјавите на Зоран Заев во кои посочи дека секој има право да учи на мајчиниот јазик и дека со тоа никој од спротивната етничка заедница не губи значеа само едно. Лансирање на мега црна кампања во која ВМРО-ДПМНЕ тврди дека СДСМ ќе воведе двојазичност на целата територија на Македонија и дека ќе допринесе во поделба на земјата, федерализација, тотален армагедон.

- ВМРО-ДПМНЕ и народот на Македонија нема да им дозволат да тргуваат со националните интереси. Зијадин Села со уцената „или двојазичност-или две федерални единици во Македонија“ ја откри крајната цел на Зоран Заев, а тоа е ревидирање на сегашното уставно уредување на Република Македонија. Сега му е мајката, Македонија јасно и одлучно да ги отфрли ваквите намери на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Да му докаже дека залудно го испраќа на Косово неговиот функционер Мухамед Зекири. Да му докаже дека залудни се средбите на Зекири со криминалци од Косово кои учествувале во бројни насилни и вооружени инциденти. Изборите во декември ќе бидат референдум во кој народот ќе му потврди на аболицираниот криминалец Зоран Заев дека нема виткање на кичма и нема пазарење со Македонија и националните интереси, велат од владејачката партија. Ова е последното оцрнување кое го испрати ВМРО-ДПМНЕ до медиумите.

Владејачката партија како и пред секои избори наоѓа тема која ја користи за демонизирање на противникот, но и влевање на страв кај граѓаните за идните политички чекори, па токму тие се секогаш главните патриоти и бранители на македонизмот иако и самите се соочија со бројни порази од коалициониот партнер ДУИ на „патриотски“ план со бројни инциденти, тензии, закани и кривични дела кои се уште не се решени, а се националистички мотивирани.

„Лажниот патриот Груевски и соработниците кои со години се пазарат со Ахмети и ДУИ во тендер коалицијата и сценираат по нарачки меѓуетнички инциденти, мора да се навикнат дека за нивните провокации нема повеќе место во единствена граѓанска Македонија. Прашањето за употребата на јазиците е дефинирано со Уставот и законите на Република Македонија! Времето на поделбите на Груевски и неговата власт, а и на криминалите завршува. СДСМ гради едно општество за сите граѓани, со еднакви права и обврски пред Уставот и законите“ возвратија денес од СДСМ.
Тие и натаму остануваат на ставот дека изјавите на Заев во Прилеп биле погрешно толкувани и дека се залагаат за сегашната примена на јазиците која е утврдена со Уставот.
Сепак, Заев со неспретната изјава самиот падна во политичка замка која политичкиот опонент ќе се обиде да ја искористи максимално, што всушност и беспоштедно го прави деновиве.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТА НА ПЛАНИНСКИТЕ ПРЕВОИ - Ѓавато и Пресека под магла
„Проектите без економска логика не носат развој, туку најчесто значат корупција“: професорот Трајковски со остра критика
По Ковид пандемијата, македонското општество се соочува со „епидемија“ на семејно насилство
ЕВЕ КАКО ТЕЧЕ ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО-ГОСТИВАР: Николоски сподели видео на социјалните мрежи
Охриѓанец по кого се трагало неколку дена е пронајден мртов
СПОРЕД СДСМ РАБОТАТА НЕ Е ЗАВРШЕНА - СПОРЕД ВМРО НЕМА ДОКАЗИ: случајот со фирмата поврзана со Томовски и денеска бранува
„МАКЕДОНИЈА НЕ СМЕЕ ДА СТАНЕ ПУНКТ НА ТУЃИ МИГРАНТСКИ ПОЛИТИКИ“: Арсовска сподели видео за темата која бранува деновиве
„Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, ама немам врска со фирмата“: СДСМ и денеска бараат одговорност од Томовски
Проф. Јаковљевиќ: Македонските граѓани можат да не контактираат за вакцината за рак





