ЗАЕВ ПАТУВА ВО БЕРЛИН: Што ќе донесе неговата средба со моќната Меркел?
Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2018
Премиерот Заев и владина делегација денеска патуваат на средба со германскиот врв.
Моќната Меркел ќе го удости Заев во Берлин а покрај средбата со канцеларката премиерот ќе се сретне и со претседателот Франк-Валтер Штајнмаер.
По средбата според најавите од кабинетот на премиерот соопштија дека
Заев и канцеларката Меркел, ќе имаат заедничка прес конференција на која ќе ги презентираат најважните прашања од нивните разговори од интерес на двете земји.
Премиерот Заев во седиштето на Фондацијата Фридрих Еберт ќе одржи свое обраќање на тема „Од предизвици до перспективи: демократски реформи и Евро-Атлантска интеграција на РМ“ а во дискусијата ќе се вклучат државниот министер за Европа во Министерството за надворешни работи на СР Германија Михаил Рот и претседателот на Фондацијата Фридрих Еберт во Берлин Курт Бек.
Еднодневната посета владината делгација ќе ја заврши со вечера ко-организирана од Аспен институтот во Германија, на која се поканети министерот за надворешни работи на СР Германија Зигмар Габриел и пратеници од германскиот Бундестаг од различни партии, кои имаат интерес за Република Македонија, за Западен Балкан и ЕУ и за НАТО интеграциите на земјите од регионот.