18 Април, 2024
0.0237

Заев „растура“ на митинзи, Груевски само три пати се појави

Објавено во: Анализа 24 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Во неделата која измина зад нас можевме да видиме какви се постизборните ефекти од првиот круг на локалните избори. СДСМ како победничка партија во првиот круг навистина нагази на терен и продолжи со митинзи и активности со граѓаните каде Заев речиси и да нема место каде пропуштил да го посети, да одржи говор и даде поддршка за партискиот или коалициониот кандидат. 

Од друга страна пак, Груевски повеќе дена по катастрофалниот пораз на 15 октомври го немаше никаде во јавноста, па дури постоеја и сомнежи дали воопшто ќе продолжи со кампањата бидејќи една од првичните претпоставки е дека неговиот личен рејтинг е виновен за слабите резултати. Тој сепак, откако неговите сопартијци го создадоа алибито дека изборите биле криминални излезе меѓу народот, токму истиот народ во кој тој како лидер и партија се колнеа десетина години. 

Груевски се појави во Бутел, Гази Баба и Штип каде освен за поддршка на кандидатот Захариев се одржа и партиската прослава посветена на државниот празник Ден на Македонската револуционерна борба. 

Секако, ВМРО-ДПМНЕ има борба во втор круг уште во десетина општини, но најверојатно истите ќе ги остави за оваа последна недела од кампањата пред вториот круг на локални избори. Затоа се посвети на места кои некогаш важеа за вмровски бастиони па многу полесно му беше да држи митинзи на пример во Љубанци или Карбинци. 

СДСМ пак, уште веднаш по изборната победа продолжи со активностите во сите општини каде имаше водство во првиот круг но, свесни дека сега сите почнуваат од нула и дека ќе мора да се потрудат ако сакаат да победат во преостанатите скопски општини каде имаат солидна предност. Битката за Бутел, Гази Баба и Кисела Вода засега е најжестока, додека „искри“ се разменија и меѓу кандидатите за Кавадарци. 

Главната порака која Заев ја испрати е дека режимот на Груевски е поразен и сега останува само да се заврши работата.

Најнегативен момент од оваа етапа на кампањата е што партиите претераа со изборните ветувања, се зборува се еден куп проекти, бесплатни работи за граѓаните, изградби на „триста чуда“ со што малку се изгуби и на кредибилитет во обидот да се „надвети“ противникот па се чини дека општините кои решаваат во втор круг добиваат многу повеќе. Така нивните граѓани по изборите ќе може да ги потсетат политичарите што се им ветиле па и притисокот за нивно исполнување ќе биде поголем. 

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза