28 Март, 2024
0.0259

Заев се сретна со Тачи - ДПА ќе ги поддржи реформите

Објавено во: Македонија 19 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

ДПА ќе биде конструктивна и гласна опозиција во Собранието на Република Македонија, но ќе даде поддршка на сите реформи кои ќе значат забрзување на евро-атлантските интеграции на земјата, е главниот заклучок на денешната средба меѓу Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и лидерот на ДПА,  Мендух Тачи.

Тргнувајќи од интересите на сите граѓани заеднички е потенцирано значењето на реформите и геостратешката потреба на Република Македонија да се приклучи како полноправна членка во НАТО алијансата и земјава да добие датум за почеток на преговори со ЕУ.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ја покани ДПА да се вклучи во процесот на реформите со вградување на своите ставови во процесите коишто следуваат.

Премиерот Зоран Заев и претседателот на ДПА, Мендух Тачи, се согласија дека се што е интерес на граѓаните на Република Македонија заслужува поддршка од опозициската партија.

Во таа насока претседателот на ДПА, Мендух Тачи, најави дека партијата ќе биде конструктивна опозиција којашто ќе ги поддржува интересите на граѓаните и реформските процеси коишто значат придвижување во евро-атланските интеграции, но во исто време ќе биде гласна во своите ставови и критики на политиките за коишто партијата ќе смета дека не се спроведуваат соодветно.


Можеби ќе ве интересира

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?