25 Април, 2024
0.1202

Заев со компании-членки на Германската стопанска комора во Албанија: Искористете ги нашите економски потенцијали

Објавено во: Економија 23 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши и советниците за економски прашања, денеска остварија средба со делегација на Германската стопанска комора во Албанија, предводена од претседателката Стефани Сиг.

На средбата, со петнаесетина бизнис-претставници, членови на Комората,беше потенцирана цврстата определба на Владата на РМ да ја интензивира економската соработка со земјите од регионот, вклучувајќи ја и Албанија.

Присутните, претставувајќи се себеси и својата компанија поодделно, на премиерот Заев му ги пренесоа своите впечатоци од престојот во Македонија, изразувајќи поддршка за позитивните реформски процеси што ги отпочна Владата и кои создаваат поволна бизнис клима за соработка на домашните и странски компании.

„Искористете ги нашите економски потенцијали, природниот потенцијал и одлична географска поставеност. Работиме на зголемување на растот на Бруто домашниот производ (БДП), сакаме да отвориме нови работни места, нови инвестиции, ширете го бизнисот преку нас и во Европа и така ќе се овозможи солиден живот за граѓаните во Македонија, но и за нашите соседи со кои сега ги зајакнуваме пријателските односи“ рече премиерот Заев во разговор со претставниците на компаниите од Албанија.

На состанокот, на премиерот Заев со бизнис секторот од Албанија застапуван од Германската стопанска комора во таа земја, исто така беше истакната поддршката за напорите кои Владата ги прави за придвижување на интеграциските процеси на Македонија во ЕУ и НАТО, процеси кои се сметаат како исклучителни важни за политичката стабилност.

Претседателката на германската стопанска Асоцијација, г-ѓата Сиг на премиерот Заев му изрази поддршка за отвореноста за соработка во регионот, потенцирајќи дека посетата наалбанските и меѓународните компании во  Македонија, е покана и за македонските компании и производители да инвестираат во Албанијаи да создаваат нови бизнис-партнерства.

Претставниците на бизнис заедницата од Албанија посочија дека компаниите членки на Асоцијацијата покажуваат значителен интерес за инвестирање во Македонија и регионот, конкретно изразувајќи интерес за отворање откупни центри на земјоделски производи и финансирање во областа на земјоделството.

Беа изразени интереси за инвестирање во мали хидроцентрали, производство и трговија со кондиторски производи, сокови и  здрава храна, зајакнување на соработката во поглед на размената на информации за економските и трговските активности во двете земји, туризмот, издавачката дејност.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ