23 Април, 2024
0.0278

Заев тврди нема амнестија и нема да дозволат втора рунда насилство

Објавено во: Македонија 02 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Oва што го прави Груевски, го прави за да се пазари за амнестија, но амнестија нема да има, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за „Дојче веле“

„Амнестија нема да има. По сè што слушна јавноста што сè правел, Груевски ќе оди на суд. Ќе има независен судски систем, судот ќе ја цени неговата вина. Но, бегање од соочување со правдата нема. Ветив на граѓаните, Македонија ќе биде правна држава и правдата ќе важи еднакво за сите“ – вели Заев.

Додава дека новиот спикер Талат Џафери, ќе испрати официјално известување до претседателот на државата, Ѓорге Иванов, дека има демократски формирано легитимно парламентарно мнозинство и дека тој е должен да го даде мандатот за формирање влада.

На прашањето дали очекува втора рунда насилство, затоа што постојат сериозни индикации дека нема да се дозволи мирен трансфер на власта, Заев вели дека нема да им го дозволат сценариото.

„Со таа група околу Груевски, никој не може да биде на чисто во однос на тоа што планираат. Но, јас знам што ние нема да дозволиме. Нема да им го дозволиме сценариото. Мудро, со почитување на деловникот, Уставот и на законите, со смиреност, и наша и на граѓаните, со поддршката и од домашната, но и од меѓународната јавност, ќе ја реализираме нашата обврска за избор на новата влада на граѓаните“ - изјави Заев. 

Тој смета дека граѓаните покажаа зрелост и не подлегнаа на провокациите. 

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор