19 Март, 2024
0.0386

Заев: Вие граѓаните сте креативната сила на Владата

Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Јас како премиер и Владата што ја предводам сме подготвени да овозможиме услови за ангажман и вклученост на целото општество, во сериозниот реформски процес што го поставивме пред нас.

Целта е голема, стратешка и неопходна за Република Македонија и за граѓаните, и се нарекува развој. Тоа се перспективите на Македонија во Европската унија и во НАТО. Тоа е шанса за достоинствен живот на граѓаните и на семејствата во оваа наша земја и мотив за нашите млади да останат да живеат и работат во ова наше единствено општество, истакна денеска премиерот Заев при денешното обраќање на тематски консултации за областите кои се битни во процесот на креирање политики согласно Итните реформски приоритети.

Оттаму премиерот рече дека целта на  Владата е до крајот на годината Република Македонија да добие чиста препорака за почеток на преговорите со ЕУ, а идната година да добиеме и датум за почеток на преговорите за пристапување на Македонија кон Европската унија.

„Денеска сум овде да порачам дека Владата на Република Македонија гледа партнер за реформскиот процес во сите демократски и граѓански ориентирани сили во државата, тоа се политичари, експерти, истакнати индивидуалци, во секој граѓанин кој чувствува дека сака, може и знае да помогне, во секој од вас почитувани граѓани коишто сте денеска овде присутни и коишто не следите преку медиумите.

Како Влада, ќе соработуваме со Парламентот, со државните институции, со сите политички партии, со граѓанските организации, со синдикатите, со коморите, со заедниците, со медиумите, со граѓаните. 

Активно ќе поттикнуваме учество и ќе ги вклучиме сите заинтересирани да бидат дел од создавањето суштински реформи и во сите суштински процеси на носење одлуки.

Реформите на коишто ќе работиме се реални и остварливи.

Тоа се Итните реформски приоритети коишто произлегоа од Извештајот на експертската група на Европската комисија предводена од Рајнхард Прибе и од извештаите на ЕК за пристапување на Македонија во ЕУ. Граѓанскиот сектор го има веќе подготвено и блупринтот, којшто ќе биде од огромна помош на целиот овој процес.

Многу од точките и прашањата од Извештајот на Прибе беа отворени во текот на преговорите од Пржино. Со работата на некои од нив, државата успеа да спроведе кредибилни избори и да отвори пат на демократските процеси.

Но за да профункционира правната држава, за да обезбедиме независни институции, објективни медиуми, професионална полиција, потребни се реформи за коишто е потребна силна политичка волја, енергија, ентузијазам, надеж, верба и храброст и уште многу други позитивни човечки атрибути“, посочи премиерот.

Тој посочи дека препознава оптимизам и позитивна енергија меѓу граѓаните.

„Нема да биде лесно. Но, вие граѓаните сте креативната сила на Владата.

И јас сум уверен дека заедно ќе ги затвораме важните државни прашања, со што долгорочно ќе ја обезбедиме потребната политичка и економска стабилност во Македонија. Овие процеси ќе бидат целосно отворени за учество на секој заинтересиран, целосно транспарентни и отчетни. Успесите на оваа Влада се успеси на граѓаните на Македонија и на државата Македонија.

Затоа, барам, повикувам, сите во нашата држава, и власта и опозиција, и граѓански сектор, и политичари, и експерти секој, да ја увиди и својата личната одговорност, и колективната обврска што ја имаме како граѓани на Република Македонија.

Да го обезбедиме неопходниот општествен консензус, за суштинските прашања.

Сите да се вклучиме во реформите! Акцијата е започната, потребата е огромна!

Ја имаме помошта и поддршката од партнерите на Македонија во Европската Унија.

Тоа што ќе го сработиме за евроинтеграциите ќе биде резултат и за нашата интеграција кон НАТО, чиишто врати повторно се отвораат за Република Македонија. 

Успехот и ловориките од целиот успех ќе бидат заеднички на сите! Пред се на граѓаните, на граѓанскиот сектор, ескпертите, опозицијата и власта!

Денеска ќе формираме работни групи со граѓанскиот сектор, по тематски области, за секој да може да го даде својот максимум, со идеи, предлози, конкретни мерки за реформскиот процес. Потребно е учество денес, но и понатаму низ сите процеси на спроведување на реформите.

Придонесот од денешните работни групи со граѓанскиот сектор бидете уверени дека ќе биде земен предвид во утврдувањето на реформскиот Акционен план.

Оваа денешна средба со граѓанскиот сектор е силна порака и до сите граѓани на Македонија. Бидете гласни, сакаме да го слушнеме вашето мислење.

Владата е подготвена сериозно да соработува со сите во општеството, за да го сработиме тоа што ќе го работиме ефикасно и квалитетно за потребните реформи коишто претстојат пред нас.

Со овој начин на работа, почитувани граѓани, Владата на Република Македонија отвора ново поглавје во практикувањето на политиката.

Република Македонија е наша заедничка држава и отворено, со вклучување на сите општествени фактори ќе ја градиме, и заедно ќе работиме, на напредокот на државата и на нашата заедничка иднина“, рече Заев.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Општина Ѓорче Петров уриваше хангар на државно земјиште

(ВИДЕО) Општина Ѓорче Петров уриваше хангар на државно земјиште

СЕЗОНЦИ НА РАБОТА ВО СТРАНСТВО: Имаат ли време за плажа и шетање?

СЕЗОНЦИ НА РАБОТА ВО СТРАНСТВО: Имаат ли време за плажа и шетање?

КОВАЧЕВСКИ ЗНАЕ ДА ПРАВИ МУСАКА И ПОДВАРОК, ЧИСТЕЊЕТО ДОМА Е НЕГОВА ОБВРСКА, АМА КОШУЛИ НЕ ЗНАЕ ДА ПЕГЛА: Обожава сарма, а правосмукалката е машка работа

КОВАЧЕВСКИ ЗНАЕ ДА ПРАВИ МУСАКА И ПОДВАРОК, ЧИСТЕЊЕТО ДОМА Е НЕГОВА ОБВРСКА, АМА КОШУЛИ НЕ ЗНАЕ ДА ПЕГЛА: Обожава сарма, а правосмукалката е машка работа

КОМУ НЕ МУ ОДГОВАРА АНТИКОРУПЦИСКА ДА ИМА ПОДАТОЦИ ЗА СЛУЖБЕНИТЕ ВОЗИЛА? Само 300 од 1.500 институции доставиле податоци за возилата што ги користат

КОМУ НЕ МУ ОДГОВАРА АНТИКОРУПЦИСКА ДА ИМА ПОДАТОЦИ ЗА СЛУЖБЕНИТЕ ВОЗИЛА? Само 300 од 1.500 институции доставиле податоци за возилата што ги користат

НЕ Е САМО СЛАВЧО, И БАЛКАНСКИТЕ МЕТЕОРОЛОЗИ НАЈАВУВААТ СТУД И СНЕГ: Среда и наредниот викенд не очекува драстичен пад на температурите

НЕ Е САМО СЛАВЧО, И БАЛКАНСКИТЕ МЕТЕОРОЛОЗИ НАЈАВУВААТ СТУД И СНЕГ: Среда и наредниот викенд не очекува драстичен пад на температурите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Стејт Департментот ги стави Катица Јанева и Стевче Јакимовски на црната листа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Стејт Департментот ги стави Катица Јанева и Стевче Јакимовски на црната листа

ПЕНДАРОВСКИ: Ниту јас, ниту мојот Кабинет сме користеле некогаш странски компании за правење на анкети

ПЕНДАРОВСКИ: Ниту јас, ниту мојот Кабинет сме користеле некогаш странски компании за правење на анкети

СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ: И Америка и Свети Америка, јас работам во интерес на граѓаните на Македонија

СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ: И Америка и Свети Америка, јас работам во интерес на граѓаните на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ДО СДСМ: Каде им се сега маичките со ликот на Јанева?

ВМРО-ДПМНЕ ДО СДСМ: Каде им се сега маичките со ликот на Јанева?