23 Април, 2024
0.0277

ЗАЕВ ЗА БГНЕС: Нема да ги менуваме државните симболи

Објавено во: Македонија 02 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Македонија нема да биде двонационална држава. Нема да ги менуваме државните симболи, изјавил лидерот на СДСМ,  Зоран Заев во интервју за бугарската агенција БГНЕС.

Тој во интервјуто вели дека очекува во Македонија демократските процеси да се движат во согласност со Уставот, деловникот на Собранието и законите на Македонија. 

Тоа значи новоизбраниот претседател на Собранието да добие печати, да биде прогласен за избран во Службен весник, а потоа да го пушти писмото до претседателот Ѓорге Иванов за давање мандат на новиот кабинет. 

„Ова се работите што секој нормален човек ги сака во нашата Македонија. Сепак, ова е можно со многу трпение, бидејќи нашиот политички противник не е подготвен да ја предаде власта. И денес го опструираше новиот претседател да не почне да ги исполнува своите обврски. Нашите противници сфаќаат дека има демократски избран претседател. Честитки дојдоа од целиот свет – од ЕУ, од САД. Но, за жал, не можам да кажам дека нема да прават пречки. Сепак, прашањето ќе биде решено преку легални процедури“- изјави Заев.

Додава дека правото на протест е загарантирано во секоја демократска држава. 

„Поради оваа причина минатиот четврток одговорив на сите прашања на опонентите од ВМРО-ДПМНЕ. Јасно одговорив дека сè што ќе правиме ќе биде во интерес на интегритетот на Македонија и во согласност со Уставот. Република Македонија нема да биде двонационална држава, таа ќе остане таква каква што е. Никој нема да наметнува странски интереси“ - рече Заев. 

Околу односите со Бугарија, Заев најави нормализација и подобрување на односите.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП