20 Април, 2024
0.0313

Заев за Дојче Веле: Извршија тешко кривично дело, а ние покажавме како достинствено се бранат државните интереси

Објавено во: Македонија 02 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во денешното интервју за Дојче Веле најави дека демократските процеси ќе продолжат и дека мнозинството ќе ја реализира обврската пред граѓаните за избор на новата Влада. Тоа ќе биде направено со почитување на Деловникот, Уставот и законите, со смиреност, на мнозинството, а и на граѓаните, со поддршката и од домашната, и од меѓународната јавност, вели меѓу другото Заев, во интервјуто коешто цело може да го прочитате на следниот линк

Во продолжение едно од прашањата и одговорот од Заев.

Дојче Веле:

Трајко Вељаноски тврди дека е се уште актуелен претседавач и дека ќе закаже седница кога тој ќе оцени дека има услови. Техничкиот премиер неовластено од име на Бладата му даде поддршка на Чавков. Бидејќи има сериозни индиции дека нема да се дозволи мирен трансфер на власта, очекувате ли дека ќе поттикнат “втора рунда“ насилство? Како ќе се превенира тоа со оглед на високата партизираност на МВР?

Заев:

Спроведоа организиран обид за убиство на пратеници и насилство врз новинари и вработени во Собранието. Извршија тешко кривично дело, терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Ние покажавме како достоиствено се бранат државните интереси и како се сака Македонија. Не дозволивме да ја реализираат намерата да направат хаос во државата, меѓуетнички судир, судир на граѓани од иста етничка заедница, државен удар, за да отворат простор за налудничавото сценарио Иванов да прогласи воена состојба. Тоа им беше намерата. Со оваа група околу Груевски никој не може да биде на чисто што тие планираат. Но јас знам што ние нема да дозволиме. Нема да им го дозволиме сценариото. Мудро, со почитување на Деловникот, Уставот и законите, со смиреност, и наша и на граѓаните, со поддршката и од домашната, но и од меѓународната јавност, ќе ја реализираме нашата обврска за избор на новата Влада на граѓаните. Иако институциите се партизирани, знаеме дека во нив постојат професионалци кои нема да тргнат во кршење на Уставот и законите и против интересите на граѓаните. На крајот, видовте каква зрелост покажаа и самите граѓани кои ја препознаа намерата на овој разулавен режим во заминување и не се вовлекоа во провокациите.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан