Заев за истурањето боја врз Героски: Слободното однесување не смее да загрозува ничија туѓа слобода
Објавено во: Македонија 19 Септември, 2017
Премиерот Зоран Заев денеска преку својот Фејсбук профил го осуди истурањето боја врз новинарот Бранко Героски од страна на бизнисменот Љупчо Палевски и го посочи чинот како „закана и загрозување на неговата слобода и на неговата професија“.
„Слободното однесување не смее да загрозува ничија туѓа слобода. Во таа насока, сметам дека чинот на истурање боја врз новинарот Героски е закана и загрозување на неговата слобода и на неговата професија - новинар. Ги осудувам таквите дејствија кои се негативен сегмент во нашето слободно општество и апелирам да не се повторуваат. За слободата заедно се боревме и ја добивме. Но, имаме уште многу работа за нашата Македонија целосно да ја ослободиме од недемократските влијанија“- напиша Заев.
Претходно беше објавен видео-материјал од изјава на Заев во САД, каде што чинот на истурање на боја врз Героски го оцени како показ на слободата во Македонија, по што Героски на Фејсбук побара извинување.