20 Април, 2024
0.0368

Заев за српски Курир: Јас сум убеден дека во месец мај Македонија ќе има влада

Објавено во: Македонија 03 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за српски Курир во емисијата „Да не се лажеме” изјави дека земјата до крајот на месец мај ќе има нова влада.

Заев објаснува дека тие имаат мнозинство, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не сака да си замине. Додава дека се проблематизира изборот на Талат Џафери за спикер само како изговор за да ВМРО-ДПМНЕ остане на власт. 

„Јас сум убеден дека во месец мај Македонија ќе има влада предводена од СДСМ. Борбата што ја водиме е да имаме независни медиуми, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ ги купуваше со се газди, новинари и уредници” - вели Заев.

Заев зборуваше за сите актуелни теми и помеѓу другото и за барањето на прогласување геноцид на албанскиот народ помеѓу 1913 година до 1956 година. Тој вели дека е против барањето за прогласување геноцид, но во една демократија не може да спречи отворање дебата за ова. 

Лидерот на СДСМ додава дека никој не побарал од него да направи нешто против Македонците, Србите или било кој друг народ од соседството. Заев објаснува дека добил огромен број на гласови од Албанци, Срби, Роми и Турци. 

„Ние сме против геноцид. Но, дали некој ќе дебатира за вакво прашање, тоа е друга работа. Во демократија, не можеш да забраниш дебата. На Груевски, не само што не му беше проблем платформата, туку и ја прифати. Тие не го прифатија само СЈО. Тој преговараше 20 дена и потоа објави дека прифатил, но во последен момент работите тргнале во друг правец. Кога тргнавме ние да преговараме, тој објави дека тоа е Тиранска платформа“ - додава Заев. 

Заев изјави дека е против промена на државните  симболи, но дебата не може да се спречи. 

За македонскиот и српскиот народ рече дека се братски народи и дека треба да има соработка. 

Можеби ќе ве интересира

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд