Заев: Зголемената акциза за нафта ќе ги врати долговите за спомениците и фасадните згради
Објавено во: Економија 25 Ноември, 2017
Непотребните и скратени трошоци досега вратиле 50 милиони евра во државната каса.
Ова го тврди премиерот Заев кој вчера одговарајќи на пратенички прашања во однос на акцизата и нејзиното зголемување рече дека таа ќе се зголеми, но само за нафтата не и за дериватите.
Според Заев на тој начин ќе се вратат 120 милиони евра долг кој го направила владата на Груевски.
„Претходно се работело само за и бронза, преку 700 милиони евра, кои се непродуктивен трошок. Зголемувањето на акцизата се прави за да се вратат 120 милиони евра долг од претходната влада кои беа непотребни, за згради, споменици, музеи, и тоа сега што се доспеани“, изјави премиерот.