Заевани возила на автопат во Унгарија, голем дел од патниците се Срби
Објавено во: Свет 15 Март, 2013
Голем број автобуси и автомобили со државјани на Србија останаа завеани во снегот на автопатот во Унгарија кај Џера, а српската Амбасадата во Будимпешта истакна дека веќе се испратени екипи за да го расчистат снегот, јави Танјуг.
- Екипите за вонредни состојби ја чистат таа делница од автопатот и се обидуваат да дојдат до завеаните лица, изјавија претставници на Амбасадата, кои нагласија дека дополнителен проблем е што денеска во Унгарија е неработен ден.
Според информациите од Амбасадата станува збор за колона од околу 100 возила.
Еден од патници изјавил дека се завеани веќе 13 часа и дека се уште никој од унгарските власти не им дошол на помош.