Зафиров: Ќе се смени обвинителството, овие кривични дела не застаруваат
Објавено во: Македонија 27 Мај, 2017
Ќе се смени обвинителството, не застаруваат овие кривични дела, особено кривичното дело „велепредавство“, „обид за убиство“, кои имаат долги рокови за застареност, изјави адвокатот и поранешен судија, Валентин Зафиров во дебата на „360 Степени“, коментирајќи ги насилствата од 27 април во Собранието.
„Јас во принцип, мислам, кршејќи ги основните норми на кривичната постапка и правораздавањето во кривичното право, судијата или обвинителот свесно или несвесно, не им направија никаква услуга на овие што поминаа со условна казна. Одговорноста за ова, ако се изродат нови кривични дела во постапката, дека овие учествувале во обид за убиство, дека било тоа договорено, дека укинувањето на Собранието тука постои, како највисок орган во државата, тогаш ова ќе бидат само утврдени казни затвор чија условеност ќе се отповика“ - вели Зафиров.
Според него, заедно со другите казни, според одредбите на Кривичниот законик ќе им се изрече единствена казна затвор на сторителите.