23 Април, 2024
0.0289

Загадување со смртоносни размери, дали ни се заканува еколошки геноцид?

Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Загадување со смртоносни размери, дали ни  се заканува еколошки геноцид?

Состојбата со воздухот во Скопје е смртоносна и кога е видливо  во зимските месеци и кога не е видливо во летните месеци. Итните  и долгорочни мерки треба да се делат според проблемите на градот,  индустрија, греење- извори на енергија, градежништво, автомобили. Во сите овие сфери треба да има рестрикции, контроли, мерки, правила за функционирање за  градот  да биде поднослив за живеење-порачуваат од заедницата на екоактивисти “Скопје смог аларм”.

Мерките за намалување на загадувањето велат се за поздравување  бидејќи конечно има најави за поместување  на работите од мртва точка, но очекувањата се големи и не треба  да останат само на хартија.

“На граѓаните доста им е од лобирања, теми, студии секоја година. Граѓаните очекуваат акција на терен и тоа уште вчера, впрочем ние не се интересираме за тоа кој колку загадува, ние се интересираме за тоа кој ќе не спаси од оваа состојба на гасна комора. Ние како активисти очекуваме намалување на просечното загадување за минимум 30% оваа зима”- велат од заедницата на екологисти.

Таксативно  по дејности дел од она што сметаат дека треба да биде почеток на промени во таа насока е следново:

За секторот СООБРАЌАЈ:

Да се изработи план за режим на сообраќај кој ќе се активира веднаш штом се надминат граничните вредности на загадувачки материи и доколку тоа трае подолго од 24 часа. Спроведувањето на Планот треба да подразбира координација помеѓу надлежната општина (Град Скопје, Битола, Тетово и други градови) и МВР. Во овој план, задолжително треба да биде вклучена мерка за намалување на цената на јавниот сообраќај во деновите со алармантно зголемени концентрации на загадувачки материи.Планот да вклучува забрана за движење на возила со понизок стандард од ЕУРО 4, како и возила на дизел. Во поширокото централно градско подрачје да не се движат патнички возила, а сообраќајот да се одвива само преку движење на јавниот превоз (автобуси и велосипеди) додека трае алармантната состојба од 24 часа надминување на загадувачките материи.

За секторот ИНДУСТРИЈА:

Привремена забрана за работа на индустријата (со А и Б интегрирани дозволи) и воведување времен прекин во деновите со зголемено загадување како и целосна транспарентност во известувањето до граѓаните за надзорот. Засилување на инспекцијата и континуиран надзор над индустриските капацитети (подложни на А и Б интегрирана дозвола) како и целосна транспарентност во известувањето до граѓаните за надзорот;

За секторот ГРАДЕЖНИШТВО:

Задолжителна примена за мерките за заштита од емисии на прашина за сите објекти. Спроведување редовна инспекција од надлежните инспектори како и целосна транспарентност во известувањето до граѓаните за надзорот. Привремена забрана на градежните зафати кои емитуваат прашина на територија на градот, во денови со зголемено загадување. Како системска мерка во однос на инспекцискиот надзор, предлагаат  засилена и зачестена инспекција (вклучително и ноќна инспекција) во индустрискиот сектор, согорувањето на отпадни материи, како и во градежниот сектор.

 Во однос на среднорочните мерки во сообраќајниот сектор предлагаат промовирање на одржливи начини на транспорт, подобрување на сите методи за јавен превоз во градовите, подобрување на контролата на емисиите од сите возила.Тука  велат мора да се вклучени мерки за промовирање на велосипедскиот транспорт и пешачењето, воведување на нови автобуски линии и субвенции за електрични такси возила, како и примена на принципот „загадувачот плаќа“ за возилата кои емитуваат над дозволените вредности.

Во однос на урбаното зеленило, среднорочните мерки се однесуваат на максимално зачувување на постоечките зелени површини, стимулирање на посадување на нови зелени површини, донесување на Закон за заштита и унапредување на зеленилото. Во однос на енергетската ефикасност предлагаат да се даде приоритет на мерките за подобрување на енергетската ефикасност, меѓу другото преку воспоставување на Фондот за енергетска ефикасност и овозможување на граѓаните да го користат, субвенционирање на топлинските пумпи за домаќинствата со цел да се намали трошењето на електрична енергија и огревно дрво за загревање на домовите.

Среднорочните и долгорочни мерки  во однос на обновливите извори на енергија треба да бидат во насока на децентрализирано производство на електрична енергија во домаќинствата (на пример, кровни соларни панели за производство на електрична енергија, покрај веќе субвенционираните панели за топла вода), стимулирање на вградување на топлински пумпи во домаќинствата секаде каде што е можно, итно донесување национална определба за елиминирање на фосилните горива до 2050 година.

Состојбата со воздухот во Скопје според екологистите  е смртоносна и кога е видливо тоа во зимските месеци и кога не е видливо во летните месеци.  Во склоп е  приложен и извадок од Стратегијата за животна средина на град Скопје која излезе оваа година и која  е  официјален документ за состојбата на воздухот во Скопје:

„Најголем еколошки стресор/ хазард во Скопје е аерозагадувањето. Тоа, иако има јасни сезонски варијации, дополнително се влошува во услови на климатски промени.

При процена на оптовареност со заболувања предизвикани од високи концентрации на PM2,5, според пресметките на Институтот за јавно здравје, во услови на просечни годишни концентрации од 48,4 μg/m3 PM2,5 во 2012 година се изгубени 4.174 години живот кај граѓаните на Скопје (82/10,000 жители), како резултат на смртност од рак на белите дробови.“

Бројките до кои стугнале преку  извештаи на европската агенција за животна средина  велат  се застрашувачки. Еве дел од нив:

Во 2012 г. од PM2,5 честици, како директен причинител, во Македонија се изгубени 3.000 животи!

(Извор: http://www.eea.europa.eu/publications/air-quality-in-europe-2015#tab-data-references, Air quality in Europe - 2015 report.pdf [5.8 MB])

Просек на дневни концентрации на PM10 честици во Европа за 2014 г. Македонија во просек со над 75 μг/м3!

(Извор: http://www.eea.europa.eu//publications/air-quality-in-europe-2016, THAL16127ENN_Air_quality_in_europe_report_2016.pdf [10.6 MB])

Просек на дневни концентрации на PM2,5 честици во Европа за 2014 г. Македонија во просек со над 30 μг/м3!

(Извор: http://www.eea.europa.eu//publications/air-quality-in-europe-2016, THAL16127ENN_Air_quality_in_europe_report_2016.pdf [10.6 MB])

Јаглерод моноксид

Од 786 оперативни станици со повеќе од 75% од важечките податоци во земјите на континетот на ЕУ каде се вршени мерења, само една станица лоцирана во урбана средина во поранешната југословенска Република Македонија, регистрирала концентрации на CO и СЗО (AQG вредност) над граничната вредност во 2014 година

(Извор: http://www.eea.europa.eu//publications/air-quality-in-europe-2016, THAL16127ENN_Air_quality_in_europe_report_2016.pdf [10.6 MB])

Табела на која е прикажана предвремена смртност поради изложеност на PM2,5, NO2 и О3 во земјите на европскиот континент и 28те земји на ЕУ во 2013 г.

(Извор: http://www.eea.europa.eu//publications/air-quality-in-europe-2016, THAL16127ENN_Air_quality_in_europe_report_2016.pdf [10.6 MB])

 Здравствени последици за кои постојат докази за поврзаност со аерозагадувањето се:

 Акутни ефекти

Дневна смртност

Респираторни проблеми поради кои се завршува во болница

Кардиоваскуларни хоспитализации

Посети од прва помош кај лица со респираторни и срцеви проблеми

Зголемена грижа за респираторни и срцеви потешкотии

Употреба на респираторни и кардиоваскуларни лекови

Денови на ограничена активност

Отсуство од работа

Пропуштени училишни денови

Самолекување

Избегнување движење

Акутни симптоми

Физиолошки промени, на пример, во функцијата на белите дробови

Хронични ефекти

Морталитетот од хронични кардиореспираторни болести

Хронични респираторни болести како инциденца и преваленца (астма, COPD)

Хронична промена во физиолошка функција (на пример, на белодробната функција)

Рак на белите дробови

Хронични кардиоваскуларни болести

Норми за чист воздух

(Извор: https://www.ersnet.org/pdf/publications/air-quality-ENG.pdf)

Загадувањето на воздухот според екологистите  влијае на 100% од населението, од неродени бебиња до многу стари лица. Голем дел од населението во Европа живеат во области со нездрав надворешен воздух. Неодамнешните студии на астма кај децата покажаа дека придобивките од чист воздух биле потценувани во минатото. Со зголемување на загадувањето на воздухот се зголемуваат и респираторните симптоми. На долг рок, загадувањето на воздухот може да го намали животниот век, влијае врз развојот на белите дробови, врз зголемување на бројот на болни од астма и може да доведе до други белодробни и срцеви заболувањe. Загадувањето на воздухот  во затворените простории според статистиките е осмиот најважен ризик-фактор за болест и на него се должат околу 2,7% од вкупниот број на болести на глобално ниво.Меѓу 1,5 милиони и 2 милиони смртни случаи годишно би можеле да бидат поврзани со внатрешното загадување на воздухот.Околу 50% од светската популација (околу 3 милијарди луѓе) се изложени на загадување на воздухот од отворен оган и шпоретите на дрва

Топ 15 градови во светот каде возењето точак е поопасно отколку здраво

(Извор: https://www.theguardian.com/cities/2017/feb/13/tipping-point-cities-exercise-more-harm-than-good):

Законска регулатива  велат од “Скопје смог аларм” имаме  од највисок ранг, Уставот на земјава со кој е загарантирано право на здрава животна средина на секој граѓанина на Република Македонија. Но законите не се почитуваат.

“ Со деценискиов проблем на загаденост на Скопје, и другите градови во државава, слободно можеме да кажеме дека се нарушени и прекршени човековите права на граѓаните кои живеат во Македонија. Воздухот е најзагаден во Македонија. Таа има 3 од најзагадените градови во Европа”- велат од заедницата на екологисти.

 Според Гардијан и Светската здравствена организација ова е една статистика:

Од скопските општини кои се највисоко на листата се  Ново Лисиче/ Аеродром, Ректорат и Карпош.


Можеби ќе ве интересира

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици