25 Април, 2024
0.0501

Загреб: Поскапува превозот, растат трошоците, а Градоначалникот си гради споменици!

Објавено во: Балкан 18 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Во неделата, во Загреб пробно беше пуштена новата фонтана, вредна 18,4 милиони куни(2,44 милиони евра). Овој проект, често се нарекуваше мегаломански уште од самиот почетокот, а критиките одеа во насока дека сега не е моментот да се инвестираат толку многу пари за изградба на една фонтана, пренесува Јутарњи лист. Градот, пак, смета дека фонтаната е неопходна. Па така, за време на нејзиното пробно пуштање, се разбранува загребската јавност уште еднаш. „Ние не сме против фонтаните, но времето и условите на животот се такви што тие не треба да бидат изградени. Фонтаната најверојатно кога ќе биде завршена секако ќе биде убава и ќе го оплемени просторот. Сепак средствата што се инвестирани во неа можеше да бидат многу подобро искористени. Да речеме, износот инвестиран во фонтаната е пет пати повисок отколку парите кои ги трошиме за нашата заедница. Замислете што се можеше да се направи: да се поправат некои училишта, да се изградат нови ... Градското собрание сега треба да се види од каде тие доаѓаат тие пари и како се инвестирани - смета Иван Баре, претседател на населбата Трње, во која се гради новата фонтана. Против фонтаната се и активистите од организацијата „Право на градот“. Тие сметаат дека штетата е веќе направена и не може да се поправи, но затоа треба да се избере ново раководство на градот, за ваквите ситуации не се повторат. Овие фонтани се слика на губење на политичкиот компас во водење на градот. Додека основната инфраструктура колабира, поскапува јавниот превоз и се бележи намалување на социјалните права, градоначалникот на Загреб,Милан Бандиќ си изгради свој споменик. Тоа е неприфатливо - смета Целакоски Теодор, претседател на здружението. Лошо мислење за проектот имаат и архитектите. Прво требаше да се види кое е најдоброто решение за просторот, а не веднаш да се почне со изградба на фонтани. И покрај бројните негативни манифестации во јавноста, во градската власт се повеќе од задоволни. „Јас бев на пробното пуштање и се работеше совршено. Се подесуваа нијансите, а јас, искрено како лаик не бев дури и забележал дека нешто не чини. Кога сè ќе биде подесено и готово, ние официјално ќе ја отвориме фонтаната. Јас сум многу задоволен со тоа како работите изгледаат сега“, изјави Давор Јелавиќ, градски советник за просторно уредување за Јутарњи Лист. Хрватските медиуми пишуваа многу за овој проект, меѓу другото осврнувајќи се и на фактот што фонтаната ја гради  фирмата на Месиќ,  која го доби договорот. Интересно е, пишуваат медиумите, што фирмата на  Месиќ е една од трите градежни компании кои најчесто работат со градот, и често добиваат зделки преку директни преговори. Тоа е оваа компанијата која исто така неодамна го градела станот и на акуелниот градоначалник на Загреб, Милан Бандиќ.

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“