23 Април, 2024
0.0251

Захариева: Нема да и биде лесно на Владата на Македонија

Објавено во: Балкан 21 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Интересот е да ги зближиме позициите и да работиме за нашата заедничка европска иднина, изјави Екатерина Захариева, вицепремиер на правниот реформи и министер за надворешни работи на Бугарија. 

Таа вели дека двете земји немаат интерес да одржуваат односи уште 25 години како што беше досега и дека работите мора да одат напред. 

„Нема да биде лесно на Владата на Македонија. Со години водената антибугарска политика е факт, политичари и научни работници имаат таква свест, но пораките доаѓаат од политичарите. Ајде конечно да заврши овој бесмислен спор. Европска иднина значи вкупно празнување на нашата заедничка историја“- објасни Захариева.

Таа вели дека посетата на македонската делегација во Софија е историска и останува сосема малку до потпишувањето на договорот.

„Доверба меѓу двајцата премиери беше прикажана на високо ниво, но и треба да се работи на оваа доверба. Факт е дека Бугарија е добронамерна. Историски работите се случија, почнавме да го применуваме несклучениот договор  однапред со посетата на споменикот на Цар Самоил“ - кажа таа мислејќи на поклонувањето што премиерите Бојко Борисов и Зоран Заев го направија пред споменикот во Софија.

Захариева потсети дека во текот на годините имаме добри практики и подобра апсорпција на прекуграничните програми кои се исклучително важни затоа што  тие се врската помеѓу пограничните општини. Додаде дека за 2016 година имале над 500.000 туристи од Македонија и 350.000 Бугари кои патувале во Македонија. 

Заев и Борисов вчера разговараа на повеќе теми, а начната беше и економијата и можностите за соработка, како и користење на искуствата кои Бугарите веќе ги имаат со проекти од ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?