25 Април, 2024
0.0296

(ФОТО) ЗАКИНТОС: Грчкиот бисер каде ќе ве дружат големите желки-а овие плажи да ги посетите!

Објавено во: Стил 08 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Токму тоа што Крф и Кефалонија важат за „зелени острови“, природата на штедела ниту на Закинтос. Тоа е најјужниот и треt по големина од седумте јонски острови. Бидејќи се наоѓа во „висина“ на Пелопонес, убавото време и топло море на Закинтос се загарантирани.

Од северен Скинари до најјужната плажа Геракас има помалку од 60 км, па се може да се види и со градски превоз, мотор или рантакар.

Закинтос има богата историја за која најдобро сведочи тоа што често го менувал името: Псофида, Илијеса, Дијакинтос, Јакинтос, Закита, Јактинум, Лесанде, Јантес. И денес може да се видат трагови од микенските гробници во местото Камби, на западот од островот. Најмногу траг оставиле Венецијанците, што се гледа на тврдината на брдото Бохалија која е сместена во боровата шума и од која има прекрасен поглед.

Лаганас е вистинско туристичко место со кафе барови, продавници и ресторани, а плажата е песочна. 

Целиот Закинтос нема стари градbи поради земјотресот од 1953 година, но средновековните цркви и манастири сепак се зачувани. Самиот залив Лаганас е долг девет километри, и тоа е резерват со морски желки кои од јуни до септември носат јајца на плажите Каламаки, Секанија, Дафни и Геракас. Овие плажи се отворени за туристи само преку ден но е забрането побивање на чадор.


Од заливот секојдневно тргнуваат бротчиња кои за 15 евра гарантираат поглед на големите желки. На Закинтос исто така може да се видат и делфини и фоки. Бротчињата возат и до светилиштето Кери (каде се наоѓа најголемото грчко знаме на светот, регистрирано во Гинисовата книга на рекорди) и Плавата пештера, како и до најпознатата гр;ка плажа Шипрек која е мотив на многу разгледници. До овие плажи со насукан брод најмудро е да се отиде со бродче. Меѓутоа, за убава фотка неопходно е да отидете до видиковец.

На југот од островот се наоѓаат исто така убавите плажи: Порто Зоро, Банана и Порто Рома.

Порто Зоро

Банана плажа

Порто Рома

Пелузо и Агиос Состис

Во заливот Лаганас се наоѓа и островцето Пелузо, близу до плажата Дафни, но и уште пополуарниот остров Агиос Состис, кој се „отцепил“ од Закинтос во 1633 година после силниот земјотрес. До него се доаѓа по дрвен мост и на него е сместен кафе бар (влезница чини по  три ипол евра), а на островот се закажени бели чаршави кои цел ден „летаат“ на ветер.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган