29 Март, 2024
0.0259

Заклучоци од "Етика во Огласувањето–Глобални Трендови &Регионална Пракса“–во организација на АмЧам Македонија

Објавено во: Мои пари 30 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Во текот на вчерашниот ден, Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам Македонија) организираше настан во духот на промовирање на фер конкуренцијата и одговорните бизнис практики со поттикнување на дебата за етичкото огласување во Македонија. Земаа учество врвни регионални експерти во оваа област, кои ја промовираа клучната улога која само-регулацијата ја игра во областа на етичкото огласување. Околу 100 гости од адвертајзинг индустријата, пошироката бизнис заедница, претставници од универзитетите, меѓународни организации и државни институции присуствуваа на настанот.

Учесниците имаа шанса да слушнат презентации од: Сашо Пешев (МКД), Ванда Кучера (СРБ), Камило Антоловиќ (ХРВ) и Стеван Ранѓеловиќ (European Association of Communications Agencies). Нивните презентации ги потенцираа позитивните и негативните влијанија на глобализацијата врз креативните индустрии кои работат во мали пазари, пристапот на српската адвертајзинг индустрија и нејзиното влијание на тамошниот пазар, предностите на само-регулацијата присутна во адвертајзинг секторот во Хрватска, како и клучните предизвици со кои се соочува европската регулатива во Брисел. Пешев ја нагласи заштитата на авторските права на уметниците како важна област за подобрување во Македонија, наведувајќи го недостатокот на локална правна експертиза како главна бариера. Тој рече дека очигледниот конфликт на интереси (на пример, заедничка сопственост на ПР и медиумските организации) и лошиот пример поставен од политичките кампањи во земјата, придонесе за средина каде рекламната етика генерално не го добива вниманието што го заслужува.

Во вториот дел од настанот, имавме можност да слушнеме искуства од локални професионалци кои ги имплементираат глобалните стандарди на огласување во нивните секојдневни активности. Радмила Димова (Македонски Телеком АД) го потенцираше фокусот на својата организација на делување преку едукација на корисниците и спречување на т.н. лажни тврдења.Последниот говорник, Милош Радуловиќ (Алкалоид) го презентираше патот кој Алкалоид го „оди“ со цел да ги прилагоди своите реклами на прописи и етички стандарди на секој пазар на кој тие се активни. Тој го спореди и спротивстави крајно регулираниот процес за одобрување на реклами за фармацевтски производи наспроти регулативата која го регулира пазарот на храна и додатоци во исхраната и заклучи дека е потребно повеќе да се направи на глобално ниво за да се спречат лажните и погрешните тврдења.

Врз основа на дискусијата, Извршниот директор на АмЧам Македонија, Мишел Османли, заклучи дека сите засегнати страниво адвертајзинг индустријата треба да работат проактивно за да ги подигнат стандардите за реклами и свеста на потрошувачите. Таа рече дека соработката со организациите за заштита н апотрошувачите, образовните институции и органите за спроведување е важен дел од овој напор. Таа, исто така нагласи дека за интересираните страни треба да инсистираат нивниот глас да се слушне при подготовката на клучните закони и политики кои влијаат на нив. Конечно, засегнатите страни треба да бараат одговорност едни од други во обидот за почитување на етичките стандарди, вклучително и со одење на суд и притисок нa извршните тела чија одговорност е да сторат повеќе во оваа област.

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија