29 Март, 2024
0.0307

Законот важи за сите: Кој работел за Водици, ќе земе дневница повисока за 150%!?

Објавено во: Економија 19 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Правата на работниците најчесто се прекршуваат за време за празници кога треба да се плати празнична дневница што според законот е за 150 проценти повисока од регуларната, е ставот на министерството за труд и социјална политика. Оттаму појаснуваат дека неисплаќањето на празнична дневница е  потешка злоупотреба на човечкиот труд кој што останува нереално платен и ескплоатиран, а тоа е еден од најголемите демотивирачки фактори за самите работници, а од друга страна дополнителен нерегуларен профит за работодавците.

Доколку е констатирано непочитување на законска одредба, работодавецот со решение се задолжува тоа да го стори во рок од 15 дена, во спротивно следуваат казни чии износи се од 6.000 до 7.000 евра во денарска противвредност, појасни денеска министерот за труд и социјална политика, Споро Ристовски. Од Министерството велат дека и годинава ќе ја продолжат борбата против работењето на црно, кршењето на работничките права и непочитувањето на прописите за безбедност при работа. Посочуваат дека во 2012 година регистрирани се 10 смртни случаи и нема колективни повреди на работа, што значи намалување во однос на 2010 и 2011 година кога имаше 12 смртни случаи на работни места.

„Само целосната примена на законите и успешните инспекциски надзори над примената на законите и подзаконските акти од трудовото законодавство се гаранција за добра економска клима, за добри услови на пазарот на трудот, како и за безбедна работа на вработените на работните места“, рече министерот Ристовски.

Во областа на работните односи во 2012 година, извршени се вкупно 29.867 испекциски надзори, од кои 24.346 редовни и 3.578 контролни инспекциски надзори.  Покрај тоа, извршени се 1.943 надзори по барање од странки. Инспекторите извршиле и контроли  кај работодавачите во врска со примената на законот за безбедност и здравје при работа. Извршени се вкупно 12.680 инспекциски надзори од кои 9.257 редовни, 137 надзори од законот за пушење, 3.143 контролни инспекциски надзори и 142 инспекциски надзори по поднесени претставки, информираа од министерството за труд и социјална политика.

Можеби ќе ве интересира

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра