Законот за јазици помина во Собрание-ќе даде ли „амин“ Иванов?
Објавено во: Македонија 11 Јануари, 2018
Со 69 гласа „ЗА“ Собранието на Република Македонија го донесе Законот за употреба на јазиците.
За него гласаа и 27 пратеници од немнозинските заедници, а еден беше воздржан .
Предлог-законот за употреба на јазиците предвидува во сите органи на државната власт во Република Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции, службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото писмо е и јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо, на начин определен со овој закон.
Сега овој Закон ќе чека амин од шефот на државата кој што може да стави вето на истиот. Ако Иванов одбие да го потпише законот повторно се враќа на гласање во Собрание и за да биде донесен ќе биде потребно двотретинско мнозинство односно и поддршка од дел од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кој моментално ја бојкотираат работата на Законодавниот дом поради притворот на пратениците кои се сомничат за инцидентите од собранието на 27 април кога маса народ упадна во Парламентот и нападна пратенци.