25 Април, 2024
0.0281

Заменик министерот за економија поднесе оставка

Објавено во: Економија 20 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Катерина Веловска, заменик министер за економија минатата недела на премиерот Никола Груевски поднела оставка од оваа позиција, пишува Дневник. Веловска, како што напишала во оставката заминува од функцијата поради лични причини. „Да се биде во оваа реформска влада беше чест и задоволство, но и огромна привилегија. За жал, од посебни и пред се многу лични причини приморана см да се повлечам од мојата функција Заменик министер за економија и да Ви ја понудам мојата оставка“, пишува во оставката која веќе е депонирана во Собранието. На местото на Веловска, како што пишува Дневник, Груевски на пратениците веќе им предложил да дојде Христијан Делев, актуелен заменик директор во Агенцијата за странски инвестиции. Делев, доаѓа исто така од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Тој пред само една недела од партиските тела беше избран да ја води партиската комисија за економија. Инаку Делев, пред да биде заменик министер, беше и економски консултант во повеќе држави од Југоисточна Европа, а во периодот 2008 – 2009 година беше заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Претходно беше и директор на Агро-берзата во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди