Запалено уште едно возило во Скопје
Објавено во: Македонија 18 Јануари, 2018
Во Скопје е пријавен уште еден автомобил кој бил запален.
Ноќеска во 04.20 часот во Единицата за информации и команда Скопје, А.Н. пријавила дека на ул. „Ѓорѓи Капчев“ во Скопје било опожарено патничко возило „Опел астра“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на нејзината ќерка К.Б. (40).
Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.