Запленет имот на „Булгари“ во вредност од 46 милиони евра
Објавено во: Свет 14 Март, 2013
Средства вредни 46 милиони евра, во сопственост на директорите на модната куќа „Булгари“,обвинети за затајување данок, запленила италјанската полиција.
Акцијата на полицијата се однесува на банкарски сметки, полиси за осигурување, акции и недвижности.
Средствата се во сопственост на Паоло и Никола Булгари, потомци на основачот на фирмата, како и на актуелниот директор Маурицио Валентини и неговиот претходник Франческо Трапани.
Тие се обвинети дека избегнувале плаќање данок во Италија, така што лажно пријавиле приходи од околу три милијарди евра преку компании со седиште во Холандија и Ирска, која не се смета за даночен рај, но има ниска стапка на данок од 12,5 отсто.
Трансферот на спорните средства наводно одел преку компании кои четворицата обвинети ги контролираат во Швајцарија, наведува полицијата.
Кога пред два месеци се појавија наоди дека Булгатри е под истрага, Трапани, кој ја води компанијата 30 години, рече дека фирмата секогаш ги почитувала фискалните прописи во Италија и странство.