18 Април, 2024
0.0300

ЗАПОЧНА КАМПАЊАТА ЗА ПРОМОЦИЈА НА ПРАВАТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ

Објавено во: Мои пари 21 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Денеска  во трговскиот центар “Сити Мол”, под мотото „Сите сме потрошувачи” започна кампањата за промоција на правата на потрошувачите. Во кампањата „Сите сме потрошувачи” на граѓани ќе им бидат делени едукативни летоци изработени од Советот на потрошувачи на Град Скопје и Организацијата на потрошувачите на Македонија ОПМ . Sovet za potrosuvaci - City Mall (1) „Денеска започнуваме една конкретна активност од областа од областа за заштитата на потрошувачите, каде во едно од најфреквентните места во Скопје ќе поделиме околу 10.000 едукативни летоци, каде има информации за основите права на потрошувачите, како и контакти и податоци на институциите кои се одговорни да реагираат при конкретни повреди на нивните права“, рече на почетокот на кампањата претседателот на Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје и член на Советот на Град Скопје, Марјан Додовски. Sovet za potrosuvaci - City Mall (3) Претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева изјави дека Советот на Град Скопје дава поддршка за активностите за заштита на потрошувачите, каде како конкретни мерки досега се издвојуваат креирањето на Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје, носење на Програма за работа на Советот за заштита на потрошувачи на Град Скопје, носење на акциони планови за работа на ова тело. Sovet za potrosuvaci - City Mall (4) На почетокот на кампањата присуствуваше и претседателот на Организација на потрошувачите на Македонија, Маријана Лончар Велкова која изјави дека оваа конкретна активност е во насока на информирање на граѓаните, бидејќи тие како потрошувачи имаат право да бидат запознаени со нивните права и начини наостварување на истите. Sovet za potrosuvaci - City Mall (5) Кампањата за промоција на правата на потрошувачите „Сите сме потрошувачи” е во организација на Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје, која се реализира во соработка со Организација на потрошувачите на Македонија. Sovet za potrosuvaci - City Mall (6)

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година