Започна Манаки - Филмови цела недела
Објавено во: Македонија 24 Септември, 2017
Со црвен килим на кој продефилираа филмски работници, политичари, џет сетери и по некој искрен филмски фан вчера во Битола старуваше 38-то издание на фестивалот на фимската камера „Браќа Манаки“.
Филмот „До крајот на времето“ од Милчо Манчевски беше одреден за на почетокот на филмскиот фестивал, а режисерот ќе биде добитник и на специјална награда за неговиот придонес во филмската уметност.
Дел од филмските професионалци не гледаат проблем што на овогодишнето издание нема многу звучни филмски имиња, бидејќи очекуваат квалитетни филмови во официјалната програма.
Наградата за животно дело „Камера 300“ годинава оди во рацете на кинематографите Пјер Лон и Џузепе Ротуно.
Фестивалот ќе трае цела недела.