23 Април, 2024
0.0255

Започна пријавувањето за престижните награди на "Sarajevo Business Bridge Awards 2018"

Објавено во: Мои пари 20 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Сараево Бизнис Форум (СБФ), водечката конференција за инвестиции во Југоисточна Европа, на 25 април ќе ги додели престижните признанија "Sarajevo Business Bridge Awards" на компаниите и поединците кои со својата работа, инвентивни идеи и вработување на млади лица придонесоа за развојот на претприемништвото и инвестициската клима во регионот.


Зависно од квалитетот на пристигнатите пријави, планирано е да се доделат награди во 6 категории, и тоа: нов бизнис/компанија на годината, бизнис/компанија на годината, претприемач на годината, компанија-вработувач на млади на годината, награда за општествено влијание и иновација на годината.

Наградите ќе бидат врачени на свечена церемонија во текот на првиот ден од одржувањето на 9-тиот годишен Сараево Бизнис Форум во присуство на светски и регионални политички и бизнис лидери, во Парламентот на Босна и Херцеговина.


„Сараево Бизнис Форум, како водечка економска бизнис платформа во регионот, има за цел да изгради подобро бизнис опкружување во целиот регион. Нашата мисија е развој на претприемништвото бидејќи само преку успешно вмрежување, развој на пазарот и вработување млади лица можеме да поттикнеме позитивни промени во нашето општество“, изјави Амер Буквиќ, директор на ББИ банка, потенцирајќи дека конкурсот за награди е отворен за компании и поединци од регионот кои покажале исклучителни резултати во работењето и чија работа има позитивно влијание врз општеството во кое делуваат.

На овој начин СБФ дава поддршка на компаниите и поединците, а особено на компаниите кои започнале нов бизнис или вработуваат млади.


Традиционално, веќе деветта година по ред Сараево Бизнис Форумот го организира босанската ББИ банка во соработка со Исламската банка за развој (ИДБ). Покровител на деветтото издание на СБФ е Претседателството на Босна и Херцеговина со поддршка на Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Советот на министри, локалните влади, Комората за надворешна трговија на БиХ, Стопанските комори на Федерацијата на Босна и Херцеговина и Република Српска, како и многу други компании од БиХ.


Минатата година овие престижни награди беа доделени на исклучителни компании и поединци од регионот. Наградата за општествено влијание на СБФ 2017 ја доби фондацијата „Хастор“, MSAN Група беше наградена за вработување млади лица, иноватор на годината во 2017 беше Горење, за нов бизнис беше прогласен HUB 387, додека за компанија на годината стручното жири на одбра HIFA Група.


Пријавите за СБФ наградите за 2018 година се отворени и компаниите и поединците може да се пријавуваат преку линкот: http://sarajevobusinessforum.com/awards


Можеби ќе ве интересира

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!