19 Април, 2024
0.0289

Започна сеидбата во виничко, помалку ориз од лани

Објавено во: Агробизнис 21 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Во општина Виница започна сеидбата на ориз. 

Сепак оваа година површините засеани со ориз ќе бидат намалени. 

Поради лошата хидролошка состојба планот за пролетна сеидба во општината претрпе измени. Така од планираните 180 хектари под ориз во виничко, површините ке бидат намалени за 100 хектари на сметка на оризот, додека  пченката се очекува пролетва да биде насеана на површина од 370 хектари.

Од Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Виница, истакнуваат дека намалувањето на површините под ориз за 100 хектари е неминовно и истите површини ќе бидат заменети со други култури. Оризопроизводители ги намалуваат нивите под ориз, не по нивна волја, туку по налог на природните временски услови.

Од Водостопанското претпријатие „Брегалница“ од Кочани велат дека се подготвени да ја прифатат проточната вода од реките и водотеците во општина Виница, за да бидат успешно насеани планираните 80 хектари под ориз.

До годинава во Виница површините под ориз се движеа од 150-180 хектари, а сега се сведени на максимум 80 хектари. Освен пченката, на полињата во виничко пченицата и јачменот ке бидат засатпени со по 350 хектари, 35 ќе бидат под тутун, 122 хектари со индустриска пиперка, а во пораст се површините под грав кој ќе се сади на 40 хектари. 

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари