25 Април, 2024
0.0270

Македонската тв серија Преспав пред прагот на нова сезона

Започнува снимањето на втора сезона на македонскиот серијал Пансион “Преспав“

Објавено во: Мои пари 09 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Телевизијата од секогаш играла важна улога во животот на човекот. Луѓето сакаат да гледаат работи со кои лесно се поистоветуваат, работи кои ја предизвикуваат нивната љубопитност и ги засмејуваат. Зарем има поголема релаксација од отргнувањето на секојдневните животни случки со 50 минутна добра серија? Покрај релаксацијата, навиките и забавата луѓето во нив гледаат и социјална компонента бидејќи, нели, сериите најдобро се следат во друштво или во кругот на семејството. Живееме во време кога снимањето на телевизиски серии стана голем предизвик, дури и во Холивуд тоа е веќе престиж, па високо-буџетните серијали станаа се почести и нудат контраверзни, предизвикувачки содржини со врвна уметничка екипа.

Кај нас се чини дека подолго време постоеше дискусија и битка за тоа дали треба или не да се следат телевизиските серии. Поучени од минатото кога во голема мера ни се пласираа нискобуџетни и неквалитетни серијали долго време перцепцијата за телевизиските серии беше со негативна конотација. Но, со текот на времето и зголемената продукција на квалитетни и интересни серии овозможи и стандардите да се подигнат и луѓето лесно да ги препознаваат неквалитетните продукциски продукти, па така поголемиот број на нивните љубители го изоштрија својот вкус.

Долго време она што недостасуваше на нашиот пазар е македонски ситком.  Но, и на таквиот недостиг се чини дека му дојде крајот со снимањето на хумористична серија во македонска продукција веќе позната меѓу гледачите како „Преспав“.  Она што посебно не радува и изненадува е што ова е еден одлично продукциски спакуван производ кој се бави со случки и личности нам многу добро познати, шармантен и суптилен хумор кој ја прави еластична старосната граница на кого се обраќа. Идејата не е да ја афирмираме Перспав само затоа што е македонски производ...пораката оди многу подалеку од ова и предностите и бенефитите се повеќенасочни. Локалните случки и ликови се градени според реалните општествени случувања и целиот наратив е еден вид на метафора на она што се случува како во земјата така и во секое просечно македонско семејство. Комичните и луцидните дијалози се одраз на еден постојан судир на балканскиот менталитет и европската култура. Ваквата ситуација ги става ликовите во постојан конфликт и недоразбирање од кои произлегуваат комични ситуации во кои ќе можат да се препознаат и самите гледачи. Секоја епизода има нова тема, нов проблем, нов конфликт, нова разрешница и многу доживувања со хумор близок на секому од нас. Овој телевизиски проект се снима под режисерска палка на Игор Ивановски Изи, Вардан Тозија и Даријан Пејовски додека актерската екипа е доверена на актерите: Јелена Јованова, Тијана Дапчевиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Васил Зафирчев, Горан Стојановски, Адриан Азири и од сега Игор Џамбазов кој ќе го замени Владо Јовановски, што ќе претставува и мало освежување во актерската екипа. Сценаријата се на: Елеонора Венинова, Сашо Кокаланов, Венко Андоновски и Димитар Банов, додека музикиата е изработена од на Мите Димовски од студиото Тралала.

Не случајно Пансионот Преспав за брзо време стекна своја верна публика и веќе привршуваат подготовките за отпочнувањето на снимање на втората сезона.

Им посакуваме уште многу среќа на целиот тим и се надеваме дека Преспав, или првиот македонски сит- ком проект, е  само почеток на  еден долг и успешен македонски серијал кој се повеќе ќе ја освојува македонската публика. Останува да видиме како ќе се развива приказната и во втората сезона и каков интерес ќе побуди.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет