25 Април, 2024
0.0290

Запознајте ја централната банка - НБРМ одбележа 70 години јубилеј

Објавено во: Финансии 22 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Под мотото „Запознајте ја централната банка“ во текот на 2016 година Народната банка на Република Македонија преку низа активности го одбележа значајниот јубилеј - 70 години централнобанкарски активности во Република Македонија.

Централно место во овие активности имаше финансиската едукација на населението, како една од значајните функции на современите централни банки. Во овој контекст, во текот на годината беше спроведена обемната Програма за финансиска едукација на децата од основните училишта во Република Македонија. Со Програмата беа опфатени вкупно 4.331 ученик, придружувани од вкупно 358 наставници од 87 основни училишта од целата територија на Република Македонија. Програмата се состоеше од два дела. Првиот дел вклучуваше еднодневни посети на основците на Музејот на Народната банка и ковачницата на пари, а учениците преку интерактивна презентација имаа можност да се запознаат и со основните функции на Народната банка. Во рамки на овој дел од Програмата, во текот на 2016 година Народната банка ја посетија вкупно 3.831 основец од 77 училишта, од кои 38 училишта беа од внатрешноста на државата. За дел од основните училишта од најоддалечените и слабо населени средини, посетата ја обезбеди и ја организира Народната банка, така што вкупно 806 ученици од овие средини добија можност да ја посетат Народната банка. Вториот дел од Програмата вклучуваше организиран Караван од Народната банка, во чиишто рамки беа посетени вкупно 10 основни училишта од 10 различни општини од целата територија на Република Македонија, а преку нив, вкупно 500 ученици ја имаа можноста да се запознаат со основните функции на Народната банка.

Како дел од активностите за финансиска едукација, Народната банка изработи и промовираше два филма: 1) „Народна банка ‒ 70 години во служба на македонското општество: информативно-документарен филм“посветен на историјата на Народната банка и 2) „Запознајте ја централната банка: информативно-едукативен филм“, којшто на едноставен и лесно разбирлив јазик ги обработува најважните аспекти поврзани со целите ифункциите на централната банка.

Во делот на професионалната едукација, во текот на 2016 година во духот на јубилејот се организираа: Петтата меѓународна истражувачка конференција, Деветтата меѓународна конференција за платните системи и Вториот меѓународен ИТ-форум, коишто придонесоа за размена на искуства и унапредување на знаењата помеѓу домашната и странската стручна јавност.

Во рамки на одбележувањето на јубилејот се изработија две збирки на научно-истражувачки трудови: 1) Библиографија за централнобанкарското работење во Република Македонија: 1946 – 2016 годинаи 2) Научната мисла во НБРМ: 1992 – 2015, со што се обезбеди систематизирано зачувување на овие трудови, кое треба да придонесе занатамошен развој на банкарството и економијата, воопшто, во Република Македонија.

Седумдесетгодишниот јубилеј беше одбележан и со спортска манифестација –  хуманитарна трка, којашто ја организираше Синдикалната организација при НБРМ, со поддршка на Народната банка. Синдикалната организација при НБРМ ги донираше собраните парични средства од спортскиот настан во Сојузот на дефектолози на Република Македонија наменети за Центарот за сензорна терапија кај деца со аутизам и АДХД.

Програмата на активности беше заокружена со одржувањето на централната манифестација за свечено одбележување на јубилејот, на 19 октомври 2016 година, на која Народната банка беше одликувана со Орден за заслуги за Македонија од страна на Неговата екселенција, претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов. Одликувањето на Народната банка со Орден за заслуги за Македонија е по повод 70 години од основањето, а особено за постигнатите исклучителни резултати во централнобанкарското работење, како независна, емисиона банка и главен носител и столб на макроекономската стабилност на суверена и самостојна Република Македонија.

Веруваме дека со оваа програма на настани и активности придонесовме за достоинствено и успешно одбележување на големиот јубилеј и ја остваривме крајната цел – ширење на финансиската едукација и подигање на нивото на свесност на граѓаните за значењето и улогата на Народната банка во македонското општество.


Можеби ќе ве интересира

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот