16 Април, 2024
0.0243

Запознајте го најновиот милијардер во светот!

Објавено во: Стил 26 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Ник Вудман (36 години) е основач и извршен директор на „Woodman Labs“, компанија која произведува и продава преносни камери под брендот „GoPro“ кои се користат од практичарите на екстремни спортови. Минатата недела „Foxconn“ купи 8.88% од компанијата за производство на камери на Вудман за 200 милиони долари. Според Форбс, Вудман е мнозински сопственик во компанијата. Дури и ако има само 51% од неа, тоа значи дека тој веќе е милијардер и неговата состојба се проценува на најмалку 1.15 милијарди долари. Идејата на Удман за неговата компанија се раѓа во 2002 година додека сурфа во Австралија и Индонезија. За да го финансираат потфатот Удман и неговата сопруга купуваат 600 ременот направени од школки од пазарите во Бали. Секој ремен чини по 1.90 долари. Кога се вратиле во САД почнуваат да кружат по крајбрежјето на Калифорнија и да ги продаваат за 60 долари. Со заработените пари и заем од 35 000 долари од неговата мајка, Вудман го создава првиот појас за камерата GoPro. Потоа му требаат две години за да го развие производот. Првиот пробив е направен во 2004 година кога јапонска компанија порачува 100 ремени за камера за време на саем за стоки поврзани со екстремните спортови. На крајот Вудман почнува да прави и сопствени камери и држачи. Обожавателите на екстремните спортови почнуваат да закачуваат на интернет видео снимки направени со камерите GoPro и така компанијата стекнува популарност. Во моментов камерите GoPro се продаваат за околу 300 долари со секакви средства за прикачување, а компанијата има 150 вработени.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре