Застрелан писател во Јордан - го исмевал исламот
Објавено во: Свет 25 Септември, 2016
Јорданскиот писател Нахед Хатар е убиен пред суд во главниот град Аман, каде се појавил за покрената тужба поради споделена карикатура на Фејсбук во која го исмева исламот.
56-годишниот Хатар бил застрелан со три куршуми, а убиецот е фатен.
Хатар кој е христијанин, е уапсен на 13 август, откако споделил на Фејсбук карикатура која покажува џихадист во рајот. Тој бил опкружен од две жени и се однесувал кон Господ како кон обичен слуга. Заповеда да му донесе чаша вино и ореви и наредува да биде испратена чистачка во неговата соба. Му дава забелешка на Бога, дека треба да чука пред да влезе. Карикатурата е насловена „Богот на ДАЕШ".
Јорданските власти го обвинија Хатар за поттикнување на верски расправии и навреда кон исламот, но во почетокот на септември го ослободија со кауција. По бранот незадоволство на социјалните мрежи, Хатар ја избришал од профилот карикатурата на која тој не е автор. Се обидел да објасни дека делото ги исмева терористите и начинот на кој тие си ги замислуваат Господ и рајот.