20 Април, 2024
0.0297

Затишје пред бура во економијата

Објавено во: Економија, Колумни 06 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

И додека  сите  се занимаваат со гатачката и ефектите кои ги чувствува оваа земја благодарение на нејзините совети, лидерот како да пропадна во земја. Ај што го нема да одговори за искуството со сенасите и придобивките од добивањето на овој тип  на консултантски услуги туку видно затаи и во делот на промоцијата на „грандиозните“  поректи, како греење со пелети кога заврши зимата или  враќањето на село, од каде што и тие што се таму бараат начин како да се приберат во градот. Повеќе од очигледно е дека личната криза го доведе бившиот премиер до дното. А оттаму е тешко па и лидер од калибарот на нашиот да добива инспирација и  промовира нови проекти. Пропагандистичката машинерија остана уште да ги дотроши „прикаските“ околу секојдневните активности на градежниците на трите автопатни делници, со исцрпни инфромации за процентите на остварување на плановите и милионите евра што се трошат за нив и тука завршува инвестицискиот бум. Нема сомнеж, дека како со нож пресечени одеденаш секнаа, барем до пред некое време, неисцрпните идеи на лидерот за нови проекти. Мала ретроспектива во неговото водење на економската политика на земјата  недвосмислено покажува дека  и не можеше да не се очекува ваков кризен расплет. Тоа се гледаше и од воспоставениот систем на неговото работење, особено, од една страна, на потпирањето врз волунтаристички парцијални проекти, надвор од конзистентна развојна политика, а од друга страна, врз неразумен број на  популистички мерки и активности, насочени, пред се’, кон  привлекување на потенцијални гласачи, а не кон унапредување на социјалната политика во земјата, во согласност со нивото на нејзиниот развој. Со таквата ориентација тој се наметнуваше како „лидер“, а одржувањето на таквата претстава го водеше кон ненаситно зголемување на буџетските пари, дури и со невообичаено интензивно темпо на задолжување и во земјата и во странство. Остварувањето на лидерските „цели“ ги оправдуваше и ваквите средства, меѓутоа, волунтаристичкото крчмење на зголемените долгови на државата (кои голем дел ќе ги плаќаат идните генерации) ја доведоа земјата, заедно со  него, во пропаст (најсиромашни во Европа, најниски просечни плати и пензии, највисока невработеност, интензивно иселување на населението). Поголемиот дел од дополнителната акумулација од странство  не се употреби развојно, а можностите за нови задолжувања се многу стеснети и со изгледи за полоши услови на ангажирање на туѓи средства. Нема сомнение дека  улогата на Груевски во развојот на Македонија ќе се поврзува со  „изгубена деценија“ во развојот. Не само заради тоа што просечниот развој што го оствари неговата влада, означувана како најекономска влада, се забетонира на пораст на БДП од околу 3%, туку, пред се’, поради тоа што за таква ниска стапка на раст (за недоволно развиена земја, каква што е Македонија) се потрошени огромни средства и од домашна и од странска акумулација. Само за споредба. Владата на Груевски, во 2007 година, за 1 процентен поен на раст на БДП потрошила околу 13,6 милијарди денари, а во 2015 година дури 48,3 милијарди денари (без малку 4 пати повеќе). Уште никој не објаснува зошто е толку ниска ефикасноста во трошењето на бруто инвестициите во земјата. Каде истекуваат огромните средства? Катастрофално е што човекот кој  најмногу зборуваше за економски проекти  и за задоволување на интересите на народот, тотално ја занемари економијата во остварување на целите.  Опседнат со бројот на  проектите и задоволувањето на краткорочните интереси на гласачки таргетираните групи од населението економијата му стана последна дупка на свирката.  Со пропаганда дури и наметна дека стапката од 3% и не е лоша, бидејќи во Европа е меѓу највисоките. Ни збор за тоа дека за 1 процентен поен раст троши четирипати повеќе отколку што му требаа во 2007 година. Да не зборуваме за невидената манипулација со статистичките податоци за стопанскиот развој.   Податоци за индустриското производство се објавуваат само кога стапките се двоцифрени гледано во   одреден месец во однос на истиот од претходната година, а се избегнува да се каже дека во изминатите пет години просечниот раст е само 3,6%. Задоволство е да се чуе дека извозот расте (особено како последица на странските директни инвестиции), меѓутоа, тоа ништо не  значи ако се има предвид дека во 2015 година извозот е на нивото од 2011 година (значи извозот од домашните претпријатија се намалува). Во овој контекст се релативизира и успехот во зголемување на покриеноста на увозот со извоз на ниво од 70%, бидејќи тој е резултат на намалување увозот  за 900 милиони долари. Економски гледано, под прашање е и успехот во намалувањето на степенот на невработеност на 26,1%  доколку не се објасни колкав број се вработиле во стопанството, а колкав во администрацијата и т.н. По се’ што се обелоденува очигледно е дека економијата на бившиот премиер му е последна дупка на свирката.  Додека мислеше дека вонредните избори ќе се одржат на 24  април или на 5 јуни не се либеше да ветува и проекти кои ќе ги реализира годинава. Последното одложување, без определување датум, го збуни. Не може да ветува за в година бидејќи знае дека  државната каса тоа не ќе може да го издржи, па лагите ќе излезат на површина. Се обврзаа дека ќе почнат да го намалуваат буџетскиот дефицит, но и тоа не им оди. Вво исто време се намалува и приливот на странски директни инвестиции. Политичката криза која ни ја создадеде лидерот по системот „корумпирај, па владеј“, допрва негативно ќе се рефлектира врз економските сосотојби. Воспоставениот начин на работа во групи (кланови), се разбира потпомогнат и  со сугестиите на гатачката,  генерираат проблеми кои досега  некако и ги менаџираше, со оглед на резервите кои што ги имавме. Но, шансите за подобро утре се’ повеќе се редуцирани. Неповолно е и тоа што денешните девизни резерви се за 130 милиони евра помали отколку во 2014 година. Се воздржуваат и странските и домашните бизнисмени. НБРМ се одважи  да скицира и црно сценарио за растот годинава. Го сведе дури и на 1,6%. Тоа ќе ги поремети и другите развојни параметри. Веќе се најавува и ребаланс на буџетот, а  акутелниов премиер појма нема или чека некој да му каже, за да ни каже. За економската состојба на земјата се интересира како ученик за училиште за време на летен распуст. А знае дека води политичка, а не технишка влада. Но, не дава ни утеха, ни надеж. Да не зборуваме за негова неподготвеност  за спроведување на економски политики со кои би ги прекинале неповолните трендови во економијата. Сето ова создава атмосфера на  затишје пред бура во економијата. Крајно опасно е ако затишјето потрае, а бурата не’ изненади. Д-р Крсте Шајноски

Можеби ќе ве интересира

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?