20 Април, 2024
0.0332

Затворени складиштата на „Повардарие“

Објавено во: Агробизнис 23 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Царинската Управа на позната македонска винарија и ја одзеде акцизната дозвола и и ги затвори складиштата поради тоа што не плаќала акциза. Во соопштението од Царинската Управа пишува дека при извршените контроли било утврдено оти во период од 6 месеци, винаријата не ги исполнувала даночните обврски, односно не извршила плаќање на акцизата во вредност од 650 илјади евра кои претходно биле утврдени со три управни решенија на Царината. Поради откриените незаконитости, на винаријата и е одземена акцизната дозола, а акцизните складишта и се затворени се додека не се подмират долговите – посочуваат од Царинската Управа. Според неофицијалните информации на „24 вести“ станува збор за винарската визба “ Повардарие “.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари