Kако затвореник им избега на полицајци додека го носеле на преглед?
Објавено во: Македонија 11 Октомври, 2017
Затвореник им избега на полицајците од затворот во Прилеп.
33-годишниот Д.Н., вработен во Казнено поправна установа Затвор Прилеп вчера во полиција пријавил дека истиот ден во период од 19 до 19.30 часот додека заедно со двајца негови колеги Д.П. и Р.В. го носеле притворениот Л.П. да му се изврши преглед во Градска Болница, при излез од болницата додека го ставале во возило, тој го турнал службеникот и избегал.
Настанот е пријавен во Полициска станица од Општа надлежност Прилеп.
Околу 22 часот лицето е пронајдено и спроведено во Казнено поправна установа Затвор Прилеп.