ЗАВРШИ ИЗБОРНАТА КАМПАЊА: Почна молкот пред вториот круг
Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2017
Заврши изборната кампања за локалните избори и почнува молкот пред вториот круг на гласање, кое ќе се одржи во недела.
Право на глас имаат 833.716 гласачи, односо 46% од граѓаните запишани во избирачкиот список. Тие ќе бираат градоначалници во 35 општини низ Македонија. За разлика од првиот круг, во вториот доволно е кандидатот да има еден глас повеќе од својот противкандидат за да ја објави својата победа.
Ова се шестите локални избори во независна Македонија.