19 Април, 2024
0.0582

Заврши сезоната за наводнување во Тиквешко

Објавено во: Агробизнис 19 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Водостопанство „Тиквеш“ од Кавадарци за време на сезоната за наводнување успело со вода за наводнување да ги задоволи потребите за површина од околу девет илјади хектари со најразлични земјоделски култури. Ова е една од најуспешните полевни сезони, изјави  техничкиот директор на претпријатието Илија Темелковски кој додаде дека  системот за водоснабдување функционирал беспрекорно. - Во текот на сезоната имаше само два кратки прекини за чистење на каналите од алгите кои годинава ги имаше во зголемени количини заради топлото време, рече Темелковски додавајќи дека тоа воопшто не го пореметило ритамот на наводнување во Тиквешијата. - Од 12 илјади хектари земјоделска површина со најразлични земјоделски култури со вода успеавме да задоволиме површина од околу девет илјади хектари. Тоа е висок процент на застапенот на наводнувањето како агротехничка мерка. Во тој однос нашиот систем е меѓу најдобрите во земјава, вели тој. Тоа, сопред него, поттикнува на натамошно вложување средства за одржување и развој на системот со цел наводнување и на дополнителни земјоделски површини. Темелковски соопшти дека во делот на заштедата на водата претпријатието вовело стимулирање при плаќањето и оти ова се однесува на корисниците кои наводнуваат преку систем „капка по капка”.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари