29 Март, 2024
0.0253

Заврши вториот дел од Проектот за пристап на НБРМ во Европскиот систем на централни банки

Објавено во: Финансии 16 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Денеска во Скопје се одржа вториот состанок на Управниот комитет на кој учествуваа претставници од Европската централна банка и Евросистемот, Делегацијата на ЕУ и НБРМ. Со овој состанок официјално заврши втората фаза од спроведувањето на проектот за анализа на потребите на Народната банка на Република Македонија за пристапување во Европскиот систем на централни банки и Евросистемот, финансиран од Инструментот за претпристапна помош од Европската Унија, што почна да се спроведува во октомври минатата година. - Во текот на првите три месеци од годината беа остварени 16 билатерални средби помеѓу експертите од Евросистемот и од НБРМ во сите 11 области што се опфатени со проектот - економска анализа и истражување, монетарна политика и политика на девизниот курс, платни системи, статистика, човечки ресурси, информатичка технологија, внатрешна ревизија, правни услуги, сметководство, банкноти и издаваштво и библиотекарство. Во спроведувањето на втората фаза учествуваа 24 експерти од 11 национални банки од Европскиот систем на централни банки, кои врз основа на отворена и добра соработка со експертите од НБРМ извршија анализа на тековната институционална и оперативна рамка и дадоа проценка за потребните правни и организациски промени, како и за човечките ресурси потребни за постигнување на европските стандарди во анализираните области, се вели во соопштението од НБРМ.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка