25 Април, 2024
0.0278

Завршува изградбата на електроенергетскиот прстен околу Битола

Објавено во: Македонија 14 Август, 2014

Добивај вести на Viber

МЕПСО ги завршува активностите за ставање во функција на новиот двосистемски 110-киловолтен далнoвод што ги поврзува трансформаторските станици „Битола 3“ и „Битола 4“. Со ставањето под напон на оваа инвестиција вредна 2,4 милиони евра во енергетски прстен ќе се поврзат сите четири трансформаторски станици поврзани на преносната мрежа во битолскиот регион со што во иднина ќе се сведе на минимум ризикот од испади, констатираа вицепремиерот Владимир Пешевски, Синиша Спасов, генералниот директор на МЕПСО и Ацо Ристески, директорот на Операторот на преносната мрежа при работната посета денеска на трасата на новиот далекувод. „Целта на новиот двосистемски 110 далекувод, кој се очекува да биде завршен до почетокот на септември оваа година, е да се подобрат напонските услови и зголеми доверливоста и безбедноста на енергетското снабдување во пелагонискиот регион“, изјави Пешевски. Тој додаде дека Владата на Република Македонија има големи инвестициски планови и проекти наменети за изградба и ревитализација на инфраструктурата во електроенергетскиот сектор. Генералниот директор на МЕПСО Спасов вели дека сега се монтираат елементите од електроопремата со која се поврзува новиот двосистемски далновод преку подземен кабел со далноводното поле во трансформаторската станица Битола 4.„Во овој проект се вложени 2,4 милиони евра и со него значајно ја зголемуваме доверливоста на мрежата“, рече Спасов. Овој далекувод е долг 10 километри, од кои 700 метри се подземен кабел што минува низ населбата нова Битола. „Првпат во својата преносна мрежа МЕПСО постави подземен кабел кој ги заменува далноводните столбови и проводните јажиња. Потребата се наметна поради тоа што трансформаторската станица се наоѓа во населба во Битола и целта беше да избегнеме да се поставуваат столбови и проводници во населено место“, соопшти Ацо Ристески, директор на ОПМ. Со реализација на овој проект целта на МЕПСО е да ги сведе на минимум ризиците од испади во овој регион и да ја зголемува сигурноста во напојувањето со електрична енергија во битолскиот регион и ги подобри напонските прилики на преносната мрежа.

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг